Српски лекари: Нов Кризен штаб и истрага за прикривање податоци
Српските медиуми јавија дека лекарите кои го потпишале отвореното писмо бараат да се формира нов Кризен штаб, да се испитаат обвинувањата за прикривање на податоците и да се запре „заплашувањето и политизацијата кои го нарушуваат личното достоинство на здравствените работници“.
Лекарите во писмото наведуваат дека решиле да се појават во јавност „затоа што не гледаат друго решение за катастрофата на јавното здравство во кое се наоѓа Србија“, по повод епидемијата на коронавирус, како и дека Хипократовата заклетва и општата етика ги обврзуваат на тоа.