Властите во кинескиот град Далиан спроведуваат тестирање на милиони жители, откако во последните 24 часа биле пријавени седум нови случаи на заразени со коронавирус. Како што јави Асошиетед прес, во новото жариште на епидемијата во последните неколку дена се забележани вкупно 12 случаи на зараза. Властите ги затвориле училиштата и јавните установи, а само неопходни категории на вработени имаат дозвола за движење. Пекинг исто така се наоѓа во состојба на висока готовност, бидејќи вчера биле пријавени два асимптоматски случаја... Читать дальше...
Христијанските верници кои го сметаат времето според Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, денот на раѓањето на Исус Христос. Ватикан соопшти дека поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск денеска нема да има обраќање до насобраните на плоштадот Свети Петар со благословите “Urbi et Orbi” (до градот и до светот) од централниот балкон на базиликата. Според соопштението, обраќањето на папата ќе биде од внатрешноста на Апостолската палата и директно ќе биде пренесувано на интернет. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура е во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје претпладне облачно со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура се спушти до 0... Читать дальше...