Шпанската цивилна гарда објави дека откривајќи мрежа на шверцери со дрога, запленила 372 000 растенија канабис, што е скоро третина од вообичаените годишни заплени во земјата. Акцијата, спроведена во текот на октомври и ноември, доведе до откривање на професионална мрежа за одгледување, собирање и продажба на канабис. Истрагата започната во мај годинава откри 52 насади со марихуана во Мадрид и други области со вкупно 372.000 растенија. Полицијата пронашла мини лабораторија и стебла канабис во Визбегово... Читать дальше...
Соединетите држави се „подготвени да го водат светот“, рече избраниот американски претседател ЏоБајден денес во Вилмингтон, претставувајќи го дел од тимот на неговата идна влада. „Тоа е тим што го одразува фактот дека Америка се врати, подготвена да го води светот и да не се повлекува од него“, рече Бајден, алудирајќи на пресврт во надворешната политика. Тој ја повтори својата решеност да се бори против климатските промени воведувајќи го својот иден специјален пратеник за ова прашање Џон Кери. ... Читать дальше...
Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање. Како што соопшти владината прес-служба, целта на Законот за Агенција за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста на Агенција за разузнавање, согласно постојниот закон. Во новиот закон за Агенцијата за разузнавање, јасно е дефинирана надлежноста на Агенцијата да собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и информации од странство, кои се од значење за безбедноста... Читать дальше...
Наутро ќе биде студено и понекаде во котлините со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Дневната температура ќе биде од 11 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 9 степени.