НАТО нема да го напушти Авганистан се додека тоа не го дозволат безбедносните услови, затоа што зголемувањето на насилството се заканува да ги попречи тековните интра-авганистански мировни разговори во Катар, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Отидовме заедно во Авганистан, заедно ќе се прилагодиме, и кога ќе биде вистинското време, кога ќе се исполнат условите, ќе заминеме заедно на координиран и уреден начин. Ова е обврска на сите сојузници и јас сум апсолутно сигурен дека сите сојузници ќе ја исполнат оваа обврска“... Читать дальше...
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан порача дека не гледа можност за дипломатско решение на конфликтот во Нагорно Карабах, со што се кочат меѓународните напори за постигнување одржливо примирје меѓу Ерменија и Азербејџан над отцепената територија. „Треба да сфатиме дека прашањето Карабах, барем во оваа фаза и за многу долго време, не може да има дипломатско решение“, рече Пашинијан во денешниот говор кој се пренесуваше преку Фејсбук. Тој вели дека сè што е дипломатски прифатливо за ерменската страна... Читать дальше...
Папата Франциск ги поддржа граѓанските истополови бракови и хомосексуланите заедници. Тој тоа го наведува во интервју за документарниот филм „Франциск“, јавува агенцијата Асошиејтед прес. „Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се божји деца. Она што мора да го имаме е закон за граѓанска заедница, а тој начин тие ќе бидат законски покриени“, рекол папата. Документарниот филм во режија на Евгениј Афинеевски говори за папството на Франциск во последните 7,5 години. Го следи на многу патувања пред пандемијата со ковид-19. Читать дальше...
Оваа недела се очекува министрите за одбрана на НАТО да се договорат за формирање на „Вселенски центар“ во југозападна Германија поради загриженоста на Алијансата за, како што наведуваат, сè поагресивно однесување на Русија и Кина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на дводневниот состанок, кој стартува утре, рече дека новиот вселенски центар треба да биде поставен во Рамштајн, воздушна база близу границата со Франција. Центарот треба да помогне во управувањето со сателитските... Читать дальше...
Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска изјави дека воведувањето полициски час, други ограничувачки мерки или ново „затворање на државата“ е последно средство, доколку епидемиолошката состојба во Хрватска ескалира. Коментирајќи го денешниот рекорден број на повеќе од 1.400 новоинфицирани, Пленковиќ рече дека верува во менталната сила на Хрватот, во неговата будност, одговорност и грижа за другите. Пораст на заразени од коронавирус, Европа ги заострува мерките „Еден метод е разумно, рационално гледање на проблемот... Читать дальше...
На 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба и на денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе организира протест со автомобили. Протестот, како што наведуваат, ќе биде против мафијата, за правдата и слободите. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека протестот в петок ќе започне во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски во Карпош и СЦ Јане Сандански во Аеродром, а ќе финишира пред Собранието каде е предвидено да се обрати претседателот на партијата... Читать дальше...
Во последните 24 часа од направени 2688 тестирања се регистрирани 641 нови случаи на заразени со ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Повеќе од половина или 325 се регистрирани во Скопје, потоа следуваат Прилеп со 38, Куманово 26, Штип, Кавадарци и Тетово по 25, Струмица 24, Гевгелија 20, Кичево 18, Битола 14, Гостивар 11, Охрид, Кочани и Велес по 10, Крива Паланка 9, Ресен 8, Неготино 7, Радовиш и Струга по 5, Пробиштип, Валандово, Кратово, Берово, Виница и Свети Николе по 3, Демир Хисар... Читать дальше...
Косовското Специјалното обвинителство соопшти дека косовскиот претседател Хашим Тачи се обидува да го „намали“ мандатот на Судот од Хаг, затоа што ги истражува наводите за воени злосторства извршени за време кога Косово се одвои од Србија. Во јуни Обвинителството ги обвини Тачи и други ветерани на ОВК под сомнение дека се одговорни за сериозни злосторства, вклучувајќи и речиси 100 убиства, присилно исчезнување, тортура. Во изјава на Обвинителството објавена на интернет се наведува дека постои добра... Читать дальше...
Недостојни и недолични се изјавите на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, дека е подготвен да испрати инженерски полк во С. Македонија да ги отстрани спомениците и спомен-плочите на кои пишува фашистички окупатор, рече новоименуваниот портпарол на Владата, Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Каракачанов. Портпаролот Арсовски изрази убеденост дека Бугарија како земја-сосед која прва ја призна независноста на С. Македонија и која беше прв... Читать дальше...
Бугарскиот претседател Румен Радев е негативен на коронавирус, соопшти денеска неговиот портпарол. Радев е во самоизолација по враќањето од Естонија, каде учествуваше на самитот на Иницијативата Три мориња, бидејќи бил во контакт со лице кое е позитивно, пренесува БТА. Тој беше тестиран за коронавирус и во понеделникот и во вторникот вечер, по враќањето од Естонија, односно вкупно трипати и сите три теста се негативни. Бугарскиот претседател Радев во самоизолација по контакт со заразен од... Читать дальше...
Угостителските објекти во кои се одржуваат свадби и веселби и покрај забраната, засега добиваат само кривични пријави, но ако Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, ќе може да бидат затворени на 30 дена и да им се изрече парична казна на самото место со платен налог, изјави денеска Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат. Тој додаде дека одговорноста и свеста кај граѓаните сепак игра најголема улога во заштитата бидејќи, нема што да се преземе друго ако не делуваат казните. Читать дальше...
Иако имаме Национална стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020, таа не се спроведува, покажува анализата на Мрежата за спречување на одливот на мозоци – составена од седум граѓански организации кои работат на различни области поврзани со развојот на младите, младинските политики и права и младинското информирање. Стратегијата е имплементирана само 11 проценти и главен заклучок е дека институциите треба суштински да му пристапат на проблемот и тој да биде приоритетен за решавање... Читать дальше...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во Европа се забележани 927.000 нови случаи на заразени со коронавирусот минатата недела, што претставува нов најголем број на заразени лица во последните седум дена. Бројот на потврдени нови случаи со инфекцијата во Европа скокна за 25% минатата недела, каде според СЗО се регистрирани речиси 38% од вкупниот број на заразени во светот. Повеќе од половина од новите случаи на Ковид-19 во Европа се во Русија, Чешка и Италија. Од СЗО... Читать дальше...
Додека власта и опозицијата во Собранието се надмудруваат за мерките за спречување на ширењето на Ковид 19, па нивното носење е ставено во мирување, епидемилогот Драган Даниловски апелира „да се закопаат воените секири“, а мерките да се применуваат час поскоро, оти ситуацијата е сериозна.
Од синоќа, првпат во историјата на независна Словенија, стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикуваат граѓаните да останат дома. Вон полицискиот час, групирањето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите. Воведувањето полицискиот час во главниот град беше прилично мирно, по 21 часот улиците беа празни ,додека во Марибор стотина демонстранти се собраа на главниот плоштад и извикуваа дека полицискиот час не е уставен. Читать дальше...
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека исплатата на субвенциите за октомвриските плати се предвидени со четвртиот пакет економски мерки и дека Владата деновиве до Собранието ќе го испрати законското решение за субвенционирање плати на компаниите. „ Првата плата што треба да се субвенционираа е таа за октомври. Има доволно време законот да биде донесен навреме“, рече Бектеши на денешната прес-конференција и ги повика сите политички субјекти да не водат дневна политика и во Собранието измените да поминуваат брзо. Читать дальше...
ВМРО-ДПМНЕ му предложила на министерот за здравство Венко Филипче, да се формира специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии во моментот кога постојат или во иднина во момент кога повторно би се случиле. „Предложивме таа комисија да брои 11 члена по функција тука би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и специјалист интернист еден член“... Читать дальше...
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска изјави дека екскурзии оваа година нема да се организираат и дека во врска со тоа се испратени упатства од Бирото за развој на образованието. „Учениците може да имаат прошетка, движење, заедно со наставниците до пет километри. Од друга страна она што се случува од минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите, сметам дека има уредби, а Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период, и тоа сигурно се случило. Читать дальше...
Околу 1.3 милиони евра се префрлени од мајката фирма на Белизе на ќерката фирма овде. Знаеме на кој датум колку средства се префрлани, сомнителните трансакции банките треба да ги пријавуваат. Мислам дека од кипарска банка се стигнати парите, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска за случајот „Плацеви на Водно“, во емисија на ТВ24. Предметот беше отворен завчера кога по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски... Читать дальше...
Народната банка е професионална и независна институција. Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем, изјави денеска извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Антони де Ланој, член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за Северна Македонија, на состанокот со тимовите на Народната банка и Министерството за финансии, одржан... Читать дальше...
Миграциските текови се зголемија во текот на изминатата деценија и беше постигнат одреден напредок за подобрување на интеграцијата на имигрантите во земјите домаќини. Но, некои од овие придобивки може да бидат избришани од пандемијата со ковид-19 и нејзините економски последици.
Киргистанската Централна изборна комисија денеска го одреди 20 декември како датум за нови парламентарни избори, откако на 4 октомври беа поништени парламентарните избори по јавните протести што ги соборија владата и спикерот на парламентот и доведоа до оставка на претседателот Соронбаи Јенбеков. По оставката на Јенбеков минатата недела, пратениците го избраа за нов премиер Садир Јапаров, поранешен националистички пратеник и осуден за киднапирање, кој од демонстрантите беше ослободен од затвор на 6 октомври. Читать дальше...
Иако повеќето домашни компании се тешко погодени од пандемијата со ковид 19, има и примери за компании кои успеваат да заработат во време на криза. Таков пример се текстилните фабрики кои произведуваат заштитни маски, а најголемиот дел од нив ги извезуваат на европскиот пазар
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 777 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Министерството и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Новите мерки против ширење на ковид-19 Владата на синочешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести со што... Читать дальше...
Иако требаше да се одржи гласање во Португалскиот парламент на крајот на оваа недела за да се направи задолжително за сите граѓани да користат апликации за следење на ковид-19 на мобилни телефони, премиерот Антонио Кошта изјави дека идејата треба подобро да се разгледа. Апликацијата Stayaway за следење на ковид-19 ја презедоа 2,3 милиони граѓани, што е третина од целта на владата. Ковид-19 ги влоши човековите права и го запре напредокот во здравството Планот на премиерот да ја направи употребата... Читать дальше...