Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Стратегијата за спречување на одливот на мозоци да не остане на хартија

Иако имаме Национална стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020, таа не се спроведува, покажува анализата на Мрежата за спречување на одливот на мозоци – составена од седум граѓански организации кои работат на различни области поврзани со развојот на младите, младинските политики и права и младинското информирање.


Стратегијата е имплементирана само 11 проценти и главен заклучок е дека институциите треба суштински да му пристапат на проблемот и тој да биде приоритетен за решавање, покажува анализата на Мрежата, која денеска беше презентирана во Скопје.



„Во изминатите седум-осум години оваа стратегија била само парче хартија која е зафрлена во фиоките, институциите не знаат дека постои, нема меѓуинституционална комуникација и заедничко дејствување. Проблемот е реален, постои и треба суштински да му се пристапи“, рече Оливер Андреевски, претставник на Мрежата, на конференцијата насловена „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?“






Решенијата се очекуваат од надлежните институции, пред сè, од министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, а во анализата се дефинирани области кои се приоритетни според младите – образованието, економијата, владеењето на правото и државната администрација.


За бројот на иселени од државата нема статистика, туку претпоставени бројки и затоа беше потенцирана важноста од пописот кој не е организиран од 2002 година. Според Светска банка, во последните десет години, половина милион граѓанин се иселелиле од земјава, од кои најголем дел се млади, посочија од Мрежата. Според податок од 2010 година, пак,  29 проценти од високообразовани млади живеат и работат во странство.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus