Илјадници луѓе се собраа во центарот на Париз на 18 октомври да му оддадат почит на наставникот кој беше обезглавен од страна на етнички Чеченец, бидејќи на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед. Демонстрантите положија цвеќе на плоштадот во центарот на Париз и држеа плакати на кои пишуваше „Не за тоталитаризмот на мислата“, „Јас сум учител“, во знак на спомен на жртвата Самуел Пети. „Апсолутно е важно да ја покажеме нашата мобилизација и нашата солидарност, нашата национална кохезија“... Читать дальше...
Македонските здравствени власти регистрираа 428 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 23.628. Вкупниот број на смртни случаи во досега е 834, откако во изминатото деноноќие починале десет лица. Официјалните бројки покажуваат дека во моментов во земјава има 5.555 активни случаи на Ковид-19. Измените на Законот за заштита од заразни болести е во собраниска процедура и се очекува следната недела да бидат усвоени нови амандамни... Читать дальше...
Бигорскиот манастир е најпрепознатливиот сведок на нашата црковна реалност и на нашата подготвеност и потврда на нашето право за црковна самобитност во православниот свет, рече денеска поглаварот на МПЦ-ОА, Митрополитот скопски и Ахиепископ охридски и македонски г.г. Стефан на централната прослава на одблежувањето 1.000 години од постоењето на манастирот. „Но, свесни сме дека во православното живеење и творење ништо, ниту почнува, ниту се остварува без благословот и молитвеното застапништво пред милосливиот Бог за преуспевање и за напредок“... Читать дальше...
Авганистански висок преговарач пристигна во Иран, бидејќи во тек се внатрешни авганистански мировни преговори во заливската држава Катар. Преговорите меѓу Авганистанската влада и Талибанците беа запрени на 12 септември, а двете страни не беа во можност да договорат преговарачка рамка со цел ставање крај на 19-годишната војна во земјата. Абдула Абдула, шефот на Високиот совет за национално помирување на Авганистан– тело кое ги набљудува мировните преговори со Талибанците, на 18 октомври пристигна во Техеран во тридневна посета. Читать дальше...
Не гледаме потреба од лидерска средба, соопшти денеска владејачката партија СДСМ откако тоа вчера го побара лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска образложи дека ваквиот став е бидејќи „Мицкоски не е за договор на било која тема“ и дека „бара начин како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ.“ Таа исто така оцени дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ немал став за ниту едно национално или стратешко прашање. „Македонскиот јазик... Читать дальше...
Поради новите бранови на инфицирани од коронавирусот во Европа, земјите ги заоструваат мерките за спречување на ширењето на заразата. Бројот на инфекции расте и во балканските земји. Властите од Шпанија до Британија спроведоа нови строги мерки во услови на зголемени инфекции. Париз и осум други француски градови воведоа полициски час од 21 часот до 6 часот наутро. Бројот на потврдени случаи се зголемува и во Германија, која пријави 5.587 нови случаи на 17 октомври, со вкупен број на досега регистрирани... Читать дальше...
Пописот во земјата ќе биде спроведен во април 2021 година, изјави денеска македонскиот премиер Зоран Заев. Неговата изјава доаѓа во услови кога државата последен пат оваа статистичка операција ја спроведе пред скоро 20 години. Заев вели дека пописот и неговите резултати „никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично“, а дека секој граѓанин има одговорност да излезе на попис. „Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистикте кои ни требаат во државата. Читать дальше...
Белоруските демонстранти ќе организираат марш на 18 октомври против авторитарното владеење на Александар Лукашенко и покрај заканата на властите дека ќе отворат оган на демонстрантите. Во Белорусија се одржуваат протести откако Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, беше прогласен за победник на изборите во земјата на 9 август поради обвинувања за местење на гласањето. Ноговиот главен ривал Светлана Циханускаја беше принудена да избега во Литванија по гласањето, за која нејзите поддржувачи и други велат дека победила на изборите. Читать дальше...
Во напад со автомобил бомба пред полициска станица во централен Авганистан загинаа најмалку 20 луѓе, според Министерството за вантрешни работи. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Ариан изјави дека автомобил наполнет со експлозив бил актививиран пред полициската станица во Фироз Кох – главен град на провинцијата Гор, околу 11 часот по локално време на 18 октомври. Ариан, кој не даде повеќе детали, го опиша инцидентот како „терористички напад.“ Портпаролот на полицијата во Гор... Читать дальше...
Претседателот Доналд Трамп оди „all in“, изјави неговиот портпарол на 17 октомври додека изборите во САД се заоструваат во последните две ипол недели, а претседателот одржа митинзи во четири држави во три последователни дена. Трамп вчера зборуваше на митинзи во Мичиген и Висконзин. Неговиот следен настан го планира за денеска во Невада и уште два на 19 октомври во Аризона. Меѓу четрите држави се вклучени некои каде тој победи во 2016 година, но тие сега го поддруваат демократскиот ривал Џо Бајден, според повеќе анкети на гласачи. Читать дальше...
Ерменија и Азербејџан се обвинија меѓусебно за кршење на примирјето со цел запирање на борбите за регионот Нагорно-Карабах, само неколку часа откако стапи на сила на 18 октомври. Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана изјави дека рано на 18 октомври имало ракетен и артилериски оган од непријателска страна. Азербејџанското Минстерство за одбрана подоцна ги обвини ерменските сили за вршење на артилериско и минофрлачко гранатирање по таканаречената линија на контакт што ги дели завојуваните страни. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови, каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а в долж Повардарието повремео засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од два до 12 степени, а дневната од 15 до 22 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне 19 степени. Читать дальше...
Кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш ќе стигне вербата дека постои ковид-19, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа
Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио со ковид-19 од која било категорија нема да ни избега, мораме да се вратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија, вели Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести во Скопје во интервју за РСЕ.