Европскиот суд за правда донесе одлука со која законот за универзитети финансирани од странство во Унгарија со кој беше затворен универзитетот основан од милијардерот Џорџ Сорос е нелегален. Според законодавството донесено во 2017 година универзитетите чија основачка регистрација е во странство не можат да работат во Унгарија не е во согласност со ЕУ легислативата, заклучи Европскиот суд. „ Условите кои Унгарија ги воведе за да им оневозможи на странските високообразовни институции да ги вршат... Читать дальше...
Владата на денешната седница донела одлука со која се зголемува прагот на нето задолжување при издавање на државни хартии од вредност во 2020 година. Со оваа одлука максималниот износ на нето – задолжување преку издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година ќе изнесува 250 милиони евра, што е за 50 милиони евра повеќе од претходно. „Согласно претходното изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, со оваа одлука се утврдува... Читать дальше...
Дипломатските напори да се смири разгорувањето на борбите во и околу Нагорно Карабах добија на интензитет по синоќешното запирање на битките меѓу ерменските и азербејџанските сили. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавишоглу се сретна со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Баку, додека еременскиот претседател Никол Пашинин денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јавуваат светските новински агенции. Битките кои започнаа на 27 септември меѓу еремнските... Читать дальше...
ЕК денеска го објави извештајот за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ. Според вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров земјата остварила напредок, пред се во клучните области. Евроамбасадорот Дејвид Гир повика да се продолжи со спроведување на потребните реформи.
Во изминатово деноноќие се евидентирани нови 225 случаи на заболени од коронавирус од вкупно 1841 направени тестирања. Најголем број на новозаразени се евидентирани во Скопје – 120 нови случаи, потоа во Тетово 17 и Прилеп 15. Во последниве 24 часа починале 8 лица заболени од ковид-19. Од починатоте двајца пациенти се од Скопје на 75 68 годишна возраст, потоа три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65г.), од Кочани (69г.), од Струга (78г.) и Струмица (64г.). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти. Читать дальше...
Северна Македонија постигна добар напредок во однос на борбата против корупцијата, но сепак таа е распространета во многу области и треба да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители вклучени во спречувањето и борба против корупцијата е наведено во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава. Во него е наведено дека државата воспоставила механизми за обезбедување независност и одговорност на судството а во однос на борбата против организираниот криминал, законската рамка во... Читать дальше...
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, по објавувањето на извештаите за реформскиот напредок на земјите од западен Балкан, изјави дека Северна Македонија одржала стабилен напредок во делот на реформите, посебно владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал. "Дискусиите се во тек во Советот за предлог преговарачката рамка и се надевам дека меѓувладините конференции ќе се одржат под сегашното претседателство, доколку бидат усвоени", изјави Вархеји. Европската... Читать дальше...
Приведени четворица криумчари на мигранти кои од Грција преку нашата земја ги пренесувале до Србија за цена од 500 до 700 евра по лице. Главни организатори се двајца браќа од Богданци заедно со соработници од Грција. Полицијата соопшти дека во координирана акција биле приведени четворица од шестчлената криминална група која се занимавала со криумчарење на мигранти. Мигрантите со помош на двајца Грци биле спроведувани најчесто од Струмица, Дојран и Гевгелија до Кумановско -липковскиот крај со моторни возила. Читать дальше...
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека секој десетти жител на планетата се заразил со коронавирусот. Бројката е за над 20 пати поголема од бројот на досега потврдени случаи на зараза во светот, која во моментов изнесува 35 милиони луѓе. „Нашата проценка ни вели дека 10% од светското население веројатно е заразено со вирусот. Бројката варира во зависност од земјата, варира од урбани до рурални предели, варира во зависност од групите. Но она што означува е дека огромно мнозинство од светското население и натаму е во опасност. Читать дальше...
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, заедно со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Кеико Ханеда, потпишаа Договор за јапонска грант помош за економски и социјален развој. „Во услови кога светот се соочува со една од најголемите здравствени кризи која има и сериозни социо-економски последици, оваа итна помош од Владата на Јапонија во висина од 100 милиони јапонски јени, или околу 813.000 евра е повеќе од добредојдена“, истакна Димитров. Јапонската амбасадорка... Читать дальше...
ЕК денеска попладне ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ. РСЕ имаше увид во документот во кој се оценува дека земјата постигнала одредено ниво на подготвеност или умерена подготвеност во областите кои се значајни за интеграцијата во ЕУ.
По препорака од Комисијата за заразни болести, Владата денеска донела одлука за отворање на границите без тест за ПЦР за државјани од Србија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, информираше премиерот Зоран Заев на неговата официјална фејсбук страница. „Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест. Читать дальше...
Работена по текст на Мартин Мекдона и во режија на Сибел Абдиу, овој четврток, на 8 октомври во 20 часот, на малата сцена во НУ Турски Театар - Скопје премиерно ќе биде изведена претставата „Човек перница“ која се бави со семејното насилство и е критичка анализа на слободата на говор.
Презентацијата на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по прв пат ќе добие официјален превод во локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот, јави МИА од Брисел. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ќе ги презентира извештаите на прес конференција попладнево околу 16 часот и 30 минути. Како што информираше Европската комисија (ЕК), оваа прес конференција ќе може да биде проследена со превод во секој од јазиците од регионот, вклучително и македонскиот јазик. Читать дальше...
Се подготвува нов Закон за градба, според кој, во иднина, сите нови станбени единици ќе мора да се градат со приклучок за парно, информираа денеска Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, и Андреа Серафимовски, претставникот на Здружението на градители при Стопанската комора на Македонија. „Во моментов според податоците кои ги добиваме од БЕГ, од 15 до 20 нови згради се направени без приклучок на системот на загревање со топлинска енергија. Тие очигледно решиле... Читать дальше...
Итно донесување закон за спречување и заштита од дискриминација, со транспарентна постапка за избор на членови на Комисијата, за граѓаните да добијат квалитетна законска рамка и реформиран систем за ефикасна и ефективна заштита и превенција од дискриминација, побараа учесниците на денешната конференција „Сите, сега: одговорноста на институциите за обединување против дискриминација“ организирана од Мрежата за заштита од дискриминација. „Првото законско решение кое што излегува од Министерството... Читать дальше...
Централната изборна комисија на Киргистан ги поништи резултатите од парламентарните избори одржани на 4 октомври, исполнувајќи ги барањата на илјадници демонстранти кои излегоа на улиците и упаднаа во државните згради велејќи дека партиите на естаблишментот победиле преку купување гласови. Кабинетот на претседателот Соронбаи Јенбеков претпладне соопшти дека земјата е под „негова контрола“, но нема информации каде е тој во моментов. Тој претходно изрази подготвеност да бидат поништени спорните резултати... Читать дальше...
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ информираше дека денеска ќе одржи нов протест против поскапувањето на струјата. Ова е нивни трет протест против одлуката на Регулаторната комисија за покачување на цената за струјата за 7,4 отсто. Како што информираат од партијата, протестот ќе започне во 18 часот од Спортскиот центар „Јане Сандански“ и со возила ќе одат до седиштето на Регулаторна комисија за енергетика. Ова ќе биде втор автомобилски протест на опозициската партија во последните 30 дена. Од опозициската... Читать дальше...
Од почетокот на учебната година бројот на учениците коишто следат онлајн настава е зголемен за околу 10 отсто, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). „За неполна недела околу 80 отсто од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучија кон онлајн наставата, а овој процент од стартот на годината постојано се зголемува. Останатите, ученици и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн наставата, а како... Читать дальше...
Претседателот на САД Доналд Трамп им порача на Американците да не се плашат од коронавирусот откако ја напушти болницата во предградието на Вашингтон, каде што три дена се лекуваше од ковид-19 и се врати во Белата куќа.
Киргистанскиот претседател Соронбаи Јенбеков рече дека тој „ја контролира“ земјата и покрај тврдењата на некои опозиционери дека тој ја изгубил моќта откако протестите за поништување на парламентарните избори ескалираа синоќа и со смртни случаи. Демонстрантите упаднаа во зградата во која се сместени парламентот и претседателските канцеларии во главниот град Бишкек и го ослободија Алмазбек Атамбаев, поранешен претседател, затворен под обвинение за корупција. Про тоа загина едно лице, а 590 беа повредени. Читать дальше...
Ако добрососедските односи бидат во првиот кластер од преговарачката рамка, пристапниот процес ќе биде оптоварен со историја, наместо со реформи, смета Симонида Кацарска од ЕПИ. Според Марко Трошановски од Институтот за демократија тоа би било повторно вмешување во ирационални балкански препирки.
Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 785 прекршоци, информираше утрово Министерството за внатрешни работи (МВР). Казната за неносење лична заштита за лице изнесува 20 евра. Ковид 19: Нови рестрикции во европски престолнини МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
22-от самит меѓу Европската унија и Украина е прв билатерален самит што се одржува директно во Брисел од избувнувањето на пандемијата на ковид-19. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, ќе ја претставуваат Европската унија, додека претседателот Володимир Зеленски ќе ја претставува Украина. На самитот ќе учествува и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. ЕУ ги продолжи санкциите за Русија поради... Читать дальше...
Претседателот на Косово Хашим Тачи, побара процесот на дијалог со Србија да продолжи, бидејќи, според него, дијалогот нема алтернатива. Во објава на Твитер, Тачи изјави дека разговарал со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Мирослав Лајчак и изразил поддршка за процесот. „Дијалогот нема алтернатива. Косово и Србија мора да постигнат конечен договор. Потребни сме и на Европската унија и ЕУ ни треба нам. Ние мора да дејствуваме“, напиша Тачи. Пукање во село во Косово, нема повредени... Читать дальше...