Ако добрососедските односи бидат во првиот кластер од преговарачката рамка, пристапниот процес ќе биде оптоварен со историја, наместо со реформи, смета Симонида Кацарска од ЕПИ. Според Марко Трошановски од Институтот за демократија тоа би било повторно вмешување во ирационални балкански препирки.