Од синоќа, првпат во историјата на независна Словенија, стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикуваат граѓаните да останат дома. Вон полицискиот час, групирањето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите.
Воведувањето полицискиот час во главниот град беше прилично мирно, по 21 часот улиците беа празни ,додека во Марибор стотина демонстранти се собраа на главниот плоштад и извикуваа дека полицискиот час не е уставен.
Карантин во седум од 12 региони во Словенија
Премиерот Јанез Јанша, како реакција на протестот, на Твитер објави дека Словенија веќе има над 1.100 новоинфицирани лица во последните 24 часа и ги повика луѓето да станат сериозни.