ВМРО-ДПМНЕ бара специјална комисија за пандемија, Филипче одбил
„Предложивме таа комисија да брои 11 члена по функција тука би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и специјалист интернист еден член“, соопшти на денешната прес конференција, Антонијо Милошоски.
Тој рече дека биле разочарани што министерот за здравство ја одбил нивната идеја.
Пандемија - профит и загуби
Министерот за здравство Филипче, пак ја обвини опозицијата дека се однесува неодговорно правејќи блокада на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се во собраниска процедура.
„Ова е смислен и тенденциозен обид за дневно-политички поени кој директно го загрозува здравјето на населението. Од почеток на ковид кризата во земјата, од опозицијата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување. Имено, токму заменичката министерка за финансии во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со месеци го одолговлекуваше и воопшто не го ни потпиша заемот од Светска Банка и со тоа практично го запре процесот на спроведување на проектот за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од ковид-19“, напиша Филипче на неговиот фејсбук профил.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив и за СДСМ од каде велат дека „специјална комисија на ВМРО-ДПМНЕ е деструкција“.