Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска изјави дека воведувањето полициски час, други ограничувачки мерки или ново „затворање на државата“ е последно средство, доколку епидемиолошката состојба во Хрватска ескалира.
Коментирајќи го денешниот рекорден број на повеќе од 1.400 новоинфицирани, Пленковиќ рече дека верува во менталната сила на Хрватот, во неговата будност, одговорност и грижа за другите.
Пораст на заразени од коронавирус, Европа ги заострува мерките
„Еден метод е разумно, рационално гледање на проблемот, преземање мерки и подигнување на јавната свест за сериозноста на проблемот, тоа е начинот на кој работиме“, рече премиерот на Хрватска.
Тој додаде дека рестриктивните мерки доведуваат до негативен економски ефект.