Поддршка за НБРМ од Ланој од ММФ во врска со „Еуростандард банка“
Народната банка во август ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка поради неисполнување на минималните услови за работа. При крајот на август беше отворена стечајна постапка, а од Фондот за осигурување на депозити најавија дека ќе бидат обештетени депозитите.
Управниот суд ја одби тужбата на „Еуростандард банка“
Искажувајќи поддршка за постапувањето на Народната банка, Де Ланој денеска се осврна и на некои од изјавите и случувањата по затворањето на „Еуростандард банка“.
„Обидите за политизирање на активностите и одлуките на Народната банка се ризик за загрозување на независноста на Народната банка. Меѓународното искуство покажа дека без независност, централните банки се воздржуваат од донесување тешки, но неопходни одлуки, што на крајот ја става во опасност стабилноста на севкупниот финансиски систем и може да доведе до далеку поголеми загуби за општеството отколку кога навремено се преземаат потребните корективни супервизорски активности“, рече Де Ланој.