РКЕ усвои нова регулатива со која се дозволува соларните централи да инсталираат батерии за складирање на струјата. Наплив на инвестиции во фотоволтаици - само за две години инсталирани се капацитети од над 600 мегавати. Експерти предупредуваат - државата да најде начин оваа енергија да ја балансира.
Со влезот на Северна Македонија во НАТО се отвори и пазарот тежок над 5 милијарди евра. Интерес кај македонските компании има, ама до тендери се стигнува тешко. Министерството за одбрана нема податоци колку компании досега добиле НАТО тендер. Од Стопанската комора се надеваат да станат барем подизведувачи во овие јавни набавки.