Пропадна вториот обид да се донесе Законот за игри на среќа. Прво го стопираше претседателот на државата, а сега не доби поддршка од пратенците. Во Собранието настана конфузија дали е донесен или не, по што реагираа собраниските служби, дека не е усвоен. На веб страницата,пак,стојат други податоци.
Документот е продолжение на Декларацијата за подобар студентски стандард потпишана пред четири години, од кој круцијалните барања останале неисполнети. Сегашните студенти немаат многу надеж дека овојпат ќе биде поинаку, но нивните студентски лидери бараат притисокот врз властите да биде посилен.
Измените на законот за игри на среќа, првиот пат беше усвоен во Парламентот, но, претседателот Стево Пендаровски не го потпиша. На новот гласање, вчера на 13.03.2024, доби само 51 глас, но спикерот објави дека е донесен, а и на сајтот на Парламентот стоеше дека е донесен. Собраниските служи денеска, во меѓувреме, соопштија дека не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и оти со тоа завршува процедурата по тој Закон.
Функцијата генерален секретар на НАТО и официјално е одвоена од позициите на ЕУ. Но, имајќи предвид дека 23 од 27 земји-членки на ЕУ исто така припаѓаат на воената алијанса и дека генералниот секретар на НАТО треба да биде европски, двете организации во суштина ловат „таленти“ во ист политички базен
Во Русија, наредниот викенд, се одржуваат претседателски избори, на кои актуелниот претседател Владимир Путин, речиси сигурно ќе победи. Со тоа, Путин ќе биде со најдолг стаж на лидерската позиција во Русија, по Сталин.