Студентското собрание на УКИМ го презентираше документот „Студентски манифест“, кој очекуваат да биде потпишан од политичарите. Тие, пак, наскоро ќе ја презентираат својата агенда во пресрет на претседателските и парламентарните избори. Го слушаат ли политичарите гласот на младите? На оваа тема разговаравме со студенти, експерти и студентски претставници.
Седум од вкупно 15 кандидати ги собраа потребните 10.000 потписи за да се кандидираат за претседател на Северна Македонија. Рокот истекува на полноќ, кампањата почнува на 4 април. Сите кандидати веќе почнаа со „загревање“ пред официјалниот старт на кампањата - некои во странство, некои на средби со граѓани, а сите на социјалните мрежи.