Поднесено е обвинение за зетот за прва братучетка на Заев, Атанас Костов. Обвинет е дека со помош на фиктивни побарувања сакал да избегне извршување на пресуда од 4 милиони евра. Му помогнале извршител и нотар. Арбитражен суд во Виена пресуди во корист на австриска АММА во спорот со фирмата на Костов.
Закажувањето за фотографирање, фотографирањето и подигањето на новите пасоши, се чини дека е подобрено, но сеуште има проблеми. Го посетивме пунктот на МВР во Македонската телевизија, каде што има подобрување, но граѓаните и натаму тешко ги добиваат новите пасоши. Од неодамна, за личните документи, им помага и Народниот правобранител.
Работната група што подготвуваше измени на Изборниот законик воопшто не дискутирала за подигање на прагот за потписи за независните листи. За актуелните независни советници тоа е обид на големите партии да ги спречат учествуваат на избори. Пратениците, пак, промените ги донесоа без дискусија и објаснување.