Додека Северна Македонија добие влада со полн политички мандат која ќе може да носи какви било одлуки, може да поминат и две третини од годината, што на некој начин може да се каже дека е изгубена, вели во интервју за РСЕ претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски.
Северна Македонија нема добри економски резултати и сметам дека ќе има дополнително одлевање на работници во соседните земји, вели во интервју за РСЕ претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски, откако на 5 март почна слободниот пристап до пазарот на труд во „Отворен Балкан“.