Претседателот Владимир Путин освоил рекордни 88 отсто на руските претседателски избори, покажаа првите прелиминарни резултати и излезните анкети, со што ја зацврсти неговата моќ иако илјадници негови противници организираа симболичен протест „Пладне против Путин“ на избирачките места.
Можна e пресметка на пладне на властите со демонстранти додека Русите се упатуваат кон гласачки места на последниот ден од претседателските избори. Извесно е дека ќе му дадат на Владимир Путин уште шест години владеење. До утрото на 17 март, гласале повеќе од 60 отсто од 114 милиони граѓани.
Директорот на царина, Стефан Богоев смета дека полиграф не е решение за корупцијата кај вработените, би се потпрел на сигурни механизми и практики. Признава дека има корупција меѓу цариниците, па очекува да се проверува и нивната имотна состојба, а самата управа веќе поднела кривични пријави.
Гужвите на граничните премини директорот на Царинската управа Стефан Богоев очекува да се намалат со воведувањето на заеднички полициски систем со соседните земји. Во интервју за Слободна Европа говори и за нов систем на камери кој треба да се спречи шверц и корупција, но и за идејата за полиграф.