Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф рече дека се неприфатливи барањата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп да се измени нуклеарниот договор на Техеран со светските сили. Зариф ова го рече денеска во Москва каде што учествуваше на разговорите за конфликтот во Сирија. Трамп се закани дека САД ќе излезат од нуклеарниот договор ако европските сојузници не ги поправале “страшните недостатоци” до 12 мај. Со договорот се тргнаа меѓународните санкции кон Иран... Читать дальше...
Од 15-ти следниот месец откако ќе се пуштат во оптек новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари, книжните банкноти во истата апоенска вредност нема да бидат законско средство за плаќање. Граѓаните кои ќе поседуваат книжни банкноти по 15-ти мај ќе може бесплатно да ги заменат за други банкноти или ковани пари во еквивалентен износ во деловните банки. Замената ќе се врши до 15 мај 2019 година, по овој датум замената ќе се врши исклучиво во Народната банка на Република Македонија. По 15 мај во оптек остануваат кованите пари од 10 и 50 денари. Читать дальше...
Соња Стојменска Елзесер е новиот претседател на Друштвото на пистели на Македонија. Таа денеска на Собрание на оваа асоцијација доби поддршка од 74 членови на ДПМ. Против кандидатка и беше Оливера Доцевска, која доби поддршка од 13 членови. Стојменска Елзесер е есеист, критичар и книжевен научник, доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе го води Друштвото на писатели на Македонија во наредните четири години. Читать дальше...
По 11 години изолација, внатрешни поделби, кавги со соседите и конфронтирање со демократскиот свет, Македонија конечно тргна напред, рече денеска на прес конференција пратеникот од СДСМ Хари Локвенец. Тој рече дека за само неколку месеци, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство преку посветена и одговорна работа успеале да ја вратат државата на вистинскиот пат, патот на соработка, пријателство, напредок и евроинтеграции. “Вчерашниот ден најдобро го отсликува контрастот помеѓу... Читать дальше...
Западот и Русија делат ист интерес за стабилноста на Авганистан, вели за Радио Слободна Европа високиот американски командант во Авганистан, генералот Џон Николсон. На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел вчера тој рече дека Русија и западните сили делат интерес за борба против тероризмот кој им се заканува и на САД и на Русија и Централна Азија. “Имаме заеднички интерес во борбата против Даеш, борбата против наркотиците, во обезбедувањето на мир и стабилност во Авганистан"... Читать дальше...
Владата мора да покаже капацитет да се грижи за правната држава и да ги третира сите економски субјекти подеднакво, да ги поддржи доколку ги исполнуваат своите обврски, но и да ги задржи своите права доколку не ги исполнуваат. Ова го кажа вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев во одговор на прашањето дали го добил писмото од вработените во Сардич на денешната прес-конференција во Владата на која беше промовиран првиот јавен повик за кофинасирани грантови за мали и средни претпријатија. Читать дальше...
Причина за испадот на третиот блок на РЕК Битола е експлодиран струен мерен трафо на 400-киловолтниот далновод кон Скопје во трафостаницата Битола - 2 на МЕПСО, информираат од АД ЕЛЕМ. “Поради тоа во 1:33 часот е исфрлен бочниот прекинувач за заштита на блок 3, со што дојде до испад на блокот. Блокот е синхронизиран во 11:49 часот со електроенергетскиот систем и повторно е пуштен во функција”, соопшти ЕЛЕМ. Во меѓувреме, како што посочуваат, електрична енергија за тарифните потрошувачи беше обезбедена... Читать дальше...
Министерството за косовските безбедносни сили, покрај противењето на „Српска листа“, најави дека в понеделник до косовската Влада ќе го достави нацрт-законот за косовската армија. "Во моментот го чекаме финансискиот извештај за буџетските трошоци од Министерството за финансии, како и согласност од Министерството за европска интеграција со цел да се усогласат нацрт-законите со законодавството на ЕУ. Во согласност со законодавната стратегија на Владата на Република Косово и Акцискиот план на МКБС... Читать дальше...
Турција го отфрли предупредувањето од новиот американски државен секретар за купувањето на рускиот ракетен систем С 400 наведувајќи дека договорот е речиси готов и не може да биде повлечен. Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Мајк Помпео на маргините на НАТО состанокот во Брисел вчера му кажал на турскиот колега дека САД се “сериозно загрижени” за одлуката на Анкара да купи руско оружје кое не е компатибилно со системот за одбрана на НАТО, соопштија американски официјални лица. Читать дальше...
Млад Палестинец почина откако беше застрелан од израелските сили во судирите во близина на границата со појасот Газа, соопштија од министерството за здравство кое се наоѓа на територијата контролирана од Хамас. Петнаесет годишниот Азам Овеида бил погоден во глава за време на протестите, соопшти министерството денеска. Со неговата смрт бројот на загинатите на палестинските протести кои се оддржуваат петти петок по ред, се искачи на четири лица. Министерството за здравство на Газа соопшти и дека 200 лица се повредени... Читать дальше...
Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, кој е лидер на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ, во интервју за агенцијата МИА вели дека тие сакаат да ја зголемат свеста за тоа што Македонија направила во минатото, за важноста на земјата за регионот, за тоа колку е важно за Балканот како целина Македонија да стане членка на НАТО. “Сакаме да укажеме на опасноста што му претстои на Балканот, доколку земја која толку... Читать дальше...
Бомбаш самоубиц со возило денеска извршил напад врз воена база во јужната авганистанска провинција Хелманд, јавуваат агенциите. Во нападот се убиени четворица цивили и двајца војници, соопштија официјални лица. Тројца цивили и двајца војници се повредени во инцидентот, рече Омар Звак, портпарол на гувернерот на провинцијата. Нападот го потврдија и од локалната воена команда. Талибанските бунтовници на 25 април најавија почеток на пролетната офанзива. Во соседниот Пакистан, во близина на границата со Авганистан, вооружен човек уби четири лица.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вториот ден од официјалната посета на САД се сретна со заменик – помошникот на секретарот за одбрана Лора Купер и со високи официјални лица во Стејт Департментот. На средбата со Купер, како што се навeдува, американската политичарка истакнала дека САД високо го ценат прогресот на реформите во Македонија и посветеноста на стратешката цел - членството во НАТО, како и дека внимателно ќе ги следат состојбите во следните неколку месеци, во пресрет на Самитот на Алијансата. Читать дальше...
Веруваме дека е направен голем напредок во преговорите и се надеваме дека овој напредок ќе може да се задржи, но времето ќе покаже, вели американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајет, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Пајет говорел на настан во Солун пред дипломираните студенти на американските универзитети, а одговарајќи на прашања од публиката ги споменал и разговорите меѓу Македонија и Грција. Повторил дека САД ги поддржуваат напорите за изнаоѓање решение и од Метју Нимиц... Читать дальше...
Опозицискиот лидер Никол Пашинијан за денеска повика на голем протест во третиот по големина град во Ерменија, Ванадзор, откако претходниот ден вети дека нема да има “геополитички промени”. Тој ова го кажа пред илјадниците собрани граѓани во вториот по големина град во Ерменија, Гјумри во кој се наоѓа и најголемата руска воена база. Зборувајќи доцна вчера Пашинијан пред околу 10 000 поддржувачи собрани на главниот плоштад, рече дека има еден пат, а тој е да го изберат него за премиер на Ерменија како кандидат на граѓаните. Читать дальше...
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп тврди дека Иран нема да произведува нуклеарно оружје, иако одби да зборува за тоа кои мерки ќе ги преземе за да го одврати Техеран ако пропадне нуклеарниот договор постигнат во 2015 година. Трамп ова го изјави на заедничката прес конференција во Вашингтон вчера со германската канцеларка Ангела Меркел. Таа, пак, рече дека договорот со Иран не е совршен, но го опиша како една цигла и прв чекор во забавувањето на нуклеарните активности на Техеран. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток. Дневната температура ќе се движи од 24 до 30 степени целзиусови степени. Во Скопје се очекува сончево време со услови за појава на краткотрајна нестабилност и понекаде со повремен дожд и ретки грмежи во попладневните часови. Дневната температура ќе стигне до29 степени.
Големиот број факултети влијаат на намалувањето на квалитетот на наставата. Македонија нема толкав број на професори колку што има факултети, велат дел од професорите.