Историјата на Балканот, која на моменти наликува на хорор филм кој никогаш не завршува, сепак можно е да има среќен крај, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по средбата со лидерите на земјите од регионот во рамки на процесот Брдо-Бриони во Скопје.
Руската адвокатка Наталија Веселнитскаја, која имаше средба со претставници на кампањата на Доналд Трамп во јуни 2016 година, а која требаше да достави штетни информации за Хилари Клинтон, долго време инсистираше на тоа дека е приватен адвокат, а не оперативец на Кремљ кој се обидува да се меша во претседателските избори во САД, објави „Њујорк Тајмс“. „Во интервјуто, кое ќе биде емитувано на Ен-Би-Си, таа признава дека не е само приватен адвокат, туку извор на информации за високорангиран функционер во Кремљ - јавениот обвинител Јуриј Чаика“... Читать дальше...
Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, по Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел изјави дека „другата страна треба да сфати оти треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор“, објави МИА. „Ставивме јасно до знаење дека за ПЈРМ да добие покана за НАТО, ќе треба да ја имплементира одлуката од Букурешт од 2008, како и резултатите од преговорите“, изјавил Коѕијас.
На денешниот самит Брдо-Бриони во Скопје, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во однос на процесот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција рече дека „невозможното станува возможно“. „Минатата година слушнав дека е невозможно да се реши ова прашање, но сега сте блиску до успех“, рече Туск, на заедничката прес-конференција на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, одговарајќи на новинарско прашање и додаде дека „штом Северна и Јужна Кореја успеале да ги приближат ставовите, сигурен... Читать дальше...
Врвните стратешки цели на а Македонија се членството во НАТО и во Европската Унија, но долго време политиката на проширувањето потфрлуваше во случајот со Македонија не поради принципите и критериумите на Унијата, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка. изјави претседателот Ѓорге Иванов на прес-конференцијата по состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони. „Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно... Читать дальше...
Одговорноста сега е кај земјите-кандидатки и потенцијалните кандидати на патот за стекнување полноправно членство во ЕУ на кој треба посветено и натаму да работат на реформите, кои од нив се бараат, заклучија учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони денеска во Скопје. Претседателите на Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, претседателот на ЕС и бугарскиот премиер во заедничкиот заклучок од состанокот нагласија дека... Читать дальше...
Фокус пишува за дипломатскиот имунитет што би го добил евентуалниот нов конзул на Бугарија во Македонија, Орце Камчев. Капитал ги анализира економските оценки на ЕК за Македонија.
Првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата го поздравува фактот што има разговори помеѓу Скопје и Атина во обид да се најде заеднички прифатливо решение за спорот со името. „Го поздравуваме фактот што сега има разговори помеѓу Скопје и Атина во обид да се најде заеднички прифатливо решение за спорот со името. Грчкиот министер за надворешни работи ме брифираше за напорите на тие средби“, одговорил Столтенберг на новинарско прашање, и додал дека позицијата на НАТО по ова прашање е јасна.
Премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери ја отфрлија можност за закон за амнестија за лицата инволвирани во крвавиот четврток, односно во насилствата во Собранието на 27 април, лани, за кои се водат судски постапки. „Не сакам ни да помислам дека некој размислува за такво нешто, закон за аменстија. Верувам дека никој и не размислува, но и ако некој потајно размислува убаво е да се откаже од такво размислување, рече Заев. Џафери додаде дека нема место за размислување за таква опција затоа што... Читать дальше...
Во денешното гранатирање на палестинскиот бегалски камп Јармук, јужно од главниот град Дамаск, каде се утврдени џихадисти од терористичката група „Исламска држава" загинале 17 цивили, од кои седум деца, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права. Невладината организација информира и дека меѓу 19 и 26 април, во гранатирањата и престрелките во обид да се заземат и последните населби кои останале под контрола на џихадисти, животот го загубиле 19 цивили.
Маж со нож денеска во северна Кина убил седум ученици од средно училиште и повреди 12, соопштиле локалните власти, а пренесоа светските новински агенции. Мажот е уапсен, а повредените ученици добиле медицинска помош, соопштил Одделот за пропаганда во округот Мижи во привинцијата Шанси, без да даде други детали за настанот. Децата биле нападнати надвор од училиштето, јави агенцијата ДПА.
Нападот на 27 април во Собранието не беше напад против нас туку против демократијата, тоа беше повеќе од криминал. Ова, меѓудругото, го изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес - конференција во Собранието со претдсетлот на Парламентот Талат Џафери, на годишнината од насилствата на 27 април. Премиерот рече дека се уште не може да прифати дека некои од оние што влегоа во Собранието тој ден биле подготвени и за ликвидација на некои припадници во Собранието. Претседателот на Собранието... Читать дальше...
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун постигнаа историски договор за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за крај на војната. Во заедничкото соопштение се наведува дека „нема да има повеќе војна на Корејскиот Полуостров и оти почнува нова ера на мирот“. „Ајде да ги исполниме очекувањата на луѓето и светот да го направиме подобар. Ветувам дека ќе бидеме се подобри во иднина“, рече Ким. Во декларацијата се наведува дека Мун и Ким се договориле да... Читать дальше...
По информациите во српските медиуми дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај бил поканет да го посети Прешево, реагирал српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој се заканил со апсење на Харадинај, доколку влезе во Прешево, објави МИА. „Нашиот суд е надлежен за тоа. Наредбата останува во сила и секако ќе биде уапсен“, изјавил Стефановиќ за српски Курир, пренесе МИА. Харадинај е обвинет од српските власти за воени злосторства за време на вооружаните судири на Косово во 1998 и 1999 година.
Деновиве Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и во културата беше домаќин на уметничкиот патувачки караван „Средба со Балканот“, а Митја Брахвар, еден од идејните творци и менаџер во љубљанското Кино Шишка, вели дека во Скопје имале два исклучително плодни денови од проектот на Европската танцувачка мрежа.
Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијаев изјави дека ќе ги релоцира повеќето од министрите по провинциите со цел тие од права рака да ги искусат секојдневните тешкотии во животот на обичните луѓе. Тој најави дека 70 проценти до министрите кои се наоѓаат во Ташкент сега ќе живеат во другите мета низ земјата. Мирзијаев порача дека на телевизија се гледа како луѓето во земјата живеат без вода, гас, канализација и струја. Узбекистан има околу 32 милиони жители, а 2,5 милиони од нив живеат во Ташкент.
Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис изјави денеска дека решение за името не може да постои без Македонија да го промени Уставот и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот. Тој говорејќи пред неговите сопартијци посочи дека начинот на кој владата во земјата управува со преговорите, предизвикува загриженост и уште еднаш го повтори неговиот став дека „нема да ги поделат Грците, за да ги обединат Скопјаните“.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска посочи дека Законот за употреба на јазиците ќе биде објавен во Службен весник, но не прецизираше кога. „Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам Законот во Службен весник“, рече Џафери на средба со новинарите. Според него, Уставот го прекршил претседателот Ѓорге Иванов, кој не го потпиша указот за законот. Џафери тврди дека тој нема да го прекрши Уставот и оти упатувањето на законот за објавување не е кривично дело.
„Корејската војна да заврши. САД и сите луѓе треба да бидат многу горди на она што сега се случува во Кореја“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер. Објавата ан Трамп на социјалните мрежи е одговор на потпишувањето на декларацијата со која Северна и Јужна Кореја се согласуваат да работат на комплетна денуклеаризација на Корејскиот полуостров. На нивниот прв самит по повеќе од една деценија, двете страни соопштија дека ќе работат на договор за воспоставување на постојан и солиден мир на полуостровот.
Босанската полиција уапсила 12 лица меѓу кои и поранешен командант кој е осомничен за злосторства против човештвото против стотици луѓе за време на конфликтот во 1992 до 1995 година. Според соопштението, тие биле уапсени поради поврзаност со смртта на стотици луѓе меѓу кои српски цивили и војници, како и босански муслимани. Уапсениот 64 годишен командант Атиф Дудаковиќ бил дел од единицата која оперирала во западна Босна, а станал командант после војната и е високо почитуван и популарен во земјата.
Романскиот претседател Клаус Јоханис побара од премиерката Виорика Данчила да поднесе оставка од функцијата. Според него, Данчила не е дорасната да ја извршува функцијата. Данчила пред три дена стана прва жена на чело на Владата на Романија.
Препораката од Европската Комисија е најдобар доказ дека напорите на вашата земја импресионирале многумина во Европа, порача претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск кој престојува во Скопје. Премиерот Заев рече дека Македонија никогаш не била поблиску до датум за почеток на преговори
Во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, кое се одвиваше зад затворени врати. Одлукaтa на судот ќе биде соопштена нa 18 мaј. За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, а третиот случај е по македонското барање за екстрадиција.
Лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким Џонг Ун иМун Џае Ин потпишаа декларација со која се согласуваат да работат на комплетна денуклеаризација на Корејскиот полуостров. На нивниот прв самит по повеќе од една деценија, двете страни соопштија дека ќе работат на договор за воспоставување на постојан и солиден мир на полуостровот. Во декларацијата е вклучено и ветувањето за намалување на военото вооружување, прекин на непријателските дејства, како и претворање на границата во мировна зона и воспоставување... Читать дальше...
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев во Скопје порача дека чувствува промена во политичкиот менталитет и вистинска политичка волја за придвижување на евроатланската интеграција на Македонија, како и храбро лидерство насочено кон иднината. Според него, препораката за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ е најдобриот доказ дека напорите на граѓаните и на властите импресионираат во Европа. Туск посочи дека претстојниот самит... Читать дальше...