„Денес сѐ е џез“ е насловена манифестацијата со која и годинава Здружението на џез-музичари и слободни уметници ќе го одбележи 30 април - Меѓународниот ден на џезот. На концертот во Македонска филхармонија гости ќе бидат американскиот саксофонист Дон Менза и австрискиот диригент и инструменталист Зиги Фајгл, а како новина е предвидено одржувањето на мини патувачкиот џез караван при што во шест македонски градови концерти ќе одржат исто толку џез состави.
Грчкото Министерство за надворешни работи, попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите. „Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува, соопштуваат од МНР на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Претходно Хан изјави дека очекува прашањето за името меѓу Македонија... Читать дальше...
Претставници на Европската унија и на Обединетите нации повикаа што побрзо да се седне на политички преговори за ставање крај на седумгодишниот конфликт во Сирија. Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини се сретнаа денеска во Брисел, како дел од напорите за повторно започнување на мировни преговори, спонзорирани од ОН. За време на претходните осум рунди разговори постигнат е мал напредок. Русија и Иран, главните сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад... Читать дальше...
Лидерот на ерменската опозицијата, Никол Пашинијан, кој 11 дена ги предводеше протестите со кои беше соборен премиерот Серж Саркисијан, изјави дека е подготвен да ја предводи земјата ако тоа биде побарано од него. „Ако луѓето ми ја дадат оваа одговорност, ќе ја преземам одговорноста“, рече пратеникот денеска на прес-конференцијата, еден ден откако Саркисијан се повлече од функцијата. Пашинијан утре треба да се состане со вршителот на должноста премиер Карен Карапетјан за да разговараат за следните чекори. Читать дальше...
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, вели дека Бугарија, Грција и Романија треба да направат сè што е можно Србија да стане дел од Европската унија. Борисов учествуваше на средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Бугарија, Романија, Србија и Грција. Третата средба меѓу лидерите на четирите држави се одржа во Букурешт и нејзин домаќин беше романската премиерка Виорика Данцила, јави БТА. На неа учествуваа и грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Борисов... Читать дальше...
За разлика од зимно време, кога тетовци прават по 150 тони смет дневно, со затоплувањето на времето, се прават и до 300 тони смет дневно. Граѓаните се жалат дека контејнерите се преполни и оти надлежните не се ажурни во собирањето на сметот.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска од Стразбур порача дека консолидирањето на Европа е невозможно без стабилен, мирен и просперитетен Балкан. Тој денеска имаше обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во однос на напредокот во европските интеграции, Димитров вели дека предизвик за земјата е да постигне суштинска промена внатре. „Нашата цел не е само да стигнеме до ЕУ членство. Патот до таму е исто толку важен и треба да води кон изградба на општество во кое владее правото... Читать дальше...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, предупреди дека Иран може да се соочи со големи проблеми, поголеми отколку што некогаш ги имале, доколку ја рестартираат својата нуклеарна програма. Трамп, говорејќи на почетокот на состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа, рече дека нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и шест светски сили е „луд“. Американскиот претседател вели дека со договорот не се спречува нуклераната програма на Техеран и обвини... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев не верува дека за две недели може да се реши спорот за името, коментирајќи ја изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оти Скопје и Атина можат да постигнат договор во наредните 15 дена. „Јас тоа го посакувам, но верувам дека не е можно, затоа што утре имаме средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи. Знам од прилика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме. Генерално тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската унија... Читать дальше...
Најмалку пет припадници на безбедносните сили на Пакистан загинаа, а седум се повредени при нападот од страна на бомбаш самоубиeц во југозападен Пакистан, соопштија тамошните власти. Според воените власти, еден бомбаш-самоубиец се разнел во близина на полициско комбе во провинцијата Балочистан, при што загинале петмина полицајци, а седум други се повредени. Уште двајца бомбаши-самоубијци сакале да се разнесат пред контролeн пункт, но биле убиени пред да ја остварат целта. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека планира во мај да одржи предизборен митинг во Европа, но одби да каже за која земја станува збор. Минатата година Ердоган се судри со европски функционери околу обидот на неговата партија да одржи собири во европските градови со турска дијаспора, во рамки на кампањата пред референдумот за проширување на претседателските овластувања. Германија, Холандија и Австрија ги забранија собирите. Минатата недела Ердоган закажа предвремени парламентарни и претседателски избори за 24 јуни... Читать дальше...
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан очекува прашањето за името меѓу Македонија и Грција да биде решено во наредните 15 дена. „Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе биде најдено решение за името или барем решение што ќе го отвори патот за почнување на пристапните преговори со ПЈРМ. Мислам дека сите се согласни оти тоа би било корисно за земјата и за целиот регион на Западен Балкан“, рече Хан пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, објави ИБНА (Независната балканска новинска агенција). Читать дальше...
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вели дека во интерес на Србија е спроведувањето на Бриселскиот договор, а не негово поништување. Дачиќ вели дека решението за косовското прашање може да се постигне само со компромис, а убедувањето дека Србија може со сила да се присили да го признае Косово, решението за тој проблем го прави се подалечно. Тој додаде дека не е сигурен до каде е дојдено на патот на решавањето на тоа прашање. „Мислам дека не се сигурни ниту оние кои ги водат овие преговори... Читать дальше...
Рускиот амбасадор Олег Шчербак говорејќи пред студентите од Факултетот за безбедност порача дека секоја држава има сопствен избор за градење на националната безбедност, без разлика дали тоа е со членство во НАТО или воена неутралност. Тврдењата дека членството во НАТО на Македонија ќе и донесат мир и стабилност, тој ги оцени како мит. Според него, секоја земја треба самостојно со референдум и почитување на волјата на мнозинството да одлучи за членство во сојузи. Тој посочи дека постои пропаганда... Читать дальше...
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама изјави дека преговорите со ЕУ не се лесни. Тој порача дека неговиот сон е Албанија да го продолжи патот кон Европа. „Во најдобар интерес е Албанија да биде целосно интегрирана во ЕУ. Она што го стори Албанија е доволно за да се отворат преговорите. Сега, предизвикот е да ги убедиме сите земји во јуни и да започнат преговорите. Јас секогаш сум внимателен, но, велам, сум оптимист. ЕУ е најголем инвеститор за целиот регион“... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев пред Комисијата за европски прашања во Собранието на која се расправаше за извештајот на ЕК за напредокот на Македонија денеска изјави дека владата ја продолжила и ја интензивирала реформската динамика. Тој порача дека со досегашните напори успеале да ја убедат Европската комисија дека Македонија заслужува почеток на претпристапни преговори. „Со целата наша енергија, знаење, искуство, интензивна работа и политичка волја, ајде заедно да ги убедиме и државите членки на ЕУ, дека... Читать дальше...
Руските власти соопштија дека во Татарстан биле уапсени 14 лица осомничени дека се членови на забранетата организација Хизб ут Тахрир. Тие биле уапсени по претресот на нивните домови во Казан. Безбедносните сили конфискувале книги со екстремистичка содржина. Според Русија и други поранешни советски републики, организацијата има клучна улога во стратегијата на милитантната група Исламска држава за радикализација на млади луѓе и нивно регрутирање во Сирија и во Ирак. Хизб ут Тахрир е сунитска политичка... Читать дальше...
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи пред учесниците на самитот на Процесот на соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува на Брдо кај Крањ, порачал дека за интеграцијата во Европската унија е создаден моментум кој е убеден дека ќе биде искористен. Неговиот Кабинет соопшти, дека Османи порачал оти Македонија е подготвена да преземеме брзи, и таму каде што е потребно, радикални реформи. Според него, државите од регионот заради заедничкиот географски, историски и социоекономски... Читать дальше...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко во годишниот говор упати критика до западните земји за поттикнување на трговски војни, а Русија за блокирање на производите од земјата на нејзиниот пазар. За време на неговото телевизиско обраќање тој ја предупреди Русија на можната изолација, при што лошите односи на земјата со западот нема да ја запрат Белорусија да бара поблиски врски со ЕУ и со САД. „Во тешката ситуација во која светот влезе, Белорусија мора да остане силна и да го зачува единството и стабилноста“, наведе Лукашенко. Читать дальше...
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го предупреди неговиот американски колега Доналд Трамп да не се повлекува од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили. Тој порача дека САД ќе се соочат со сериозни последици доколку го прекршат договорот. Трамп даде рок до 12 мај потписниците да ги поправат недостатоците во договорот. САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија во 2015 го потпишаа договорот за ограничување на нуклеарната програма на Иран во замена за олеснување на санкциите врз земјата.
Ерменците денеска ја одбележуваат 103 годишнината од масакрот врз нивните предци за време на Отоманската империја во 1915 година, еден ден по оставката на премиерот Серж Саркисјан и протестите на опозицијата. Опозицискиот лидер Никол Пашинијан кој ги предводеше протестите заедно со неговите поддржувачи ќе присуствува на церемонијата за одбележување на масакрот во меморијалниот комплекс во Ереван. Пашинијан утре ќе се сретне и со в.д премиерот Карен Карапетијан со цел да разговара за наредните чекори во земјата.
Како главна причина за намалувањето на бројот на македонски државјани на боиштата на Блискиот Исток се наведуваат апсењата на регрутирачи и помагачи на радикалните исламисти во Македонија.
Најмалку 39 лица се повредени во земјотрес што ја погоди турската југоисточна провинција Адијаман. Земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Поради земјотресот затворени се основните и средните училишта во провинцијата. Турскиот министер за здравство Ахмет Демирчан изјави дека од 39 повредени, 35 се задржани во болница, но нивната состојба не е критична.
Соработката на Македонија со НАТО се одвива со засилено темпо, а најголемиот дел од критиките, веќе не се сметаат за слабост, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Од Главната команда на Сојузничките сили на НАТО за Европа ги профалија македонските војници во мисиите на НАТО
Рочиштето за предметот „Титаник 2“ на СЈО во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година е одложено за 10 мај. Судијата Огнен Ставрев го прифати барањето на одбраната за одложување со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението што на денешното рочиште го подели обвинителката Фатиме Фетаи. На судењето присутни беа и обвинетите, лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков. Во случајот обвинети се и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими... Читать дальше...