Полицијата во Босна и Херцеговина уапсила двајца осомничени дека се членови на екстремистичката група Исламска држава (ИД). Двајцата мажи биле уапсени при рација на два имота во Сараево. Од Обвинителството соопштија дека при претресот било откриено и оружје, гранати, муниција, автоматски пушки, ножеви, борбени елеци и знамиња со ознаки кои изгледаат како обележјата на Исламската држава. Дополнителни детали не се соопштени. Во декември во Сараево во близина на американската амбасада беа уапсени 25 луѓе... Читать дальше...
Градинката е предвидена за 20 деца, а ќе биде комбинирана и за целодневен престој. Во моментов се запишани 10 деца. Надлежните велат дека отворањето градинки во рурални средини е од големо значење
Директорот на косовската тајна служба (КИА) Дритон Гаши поднесе оставка, две недели по апсењето на шестмина турски државјани на Косово, пишува приштинскиот портал Зери. Оставка од Гаши бараше косовскиот премиер Рамуш Харадинај, поради апсење и депортација на шестмина турски државјани, кои официјална Анкара ги смета за следбеници на движењето на верскиот лидер во егзил Фетулах Ѓулен. Според Зери, Гаши ја поднел оставката до канцеларијата на премиерот и денеска се поздравил со вработените во КИА. Читать дальше...
„Акустик електроникс“ е насловен концертот којшто, во рамките на фестивалот „Модоарс“, во четврток, на 12 април, во скопскиот клуб „Станица 26“, ќе го одржат пијанистката Ема Попивода и Александар Петров на тапан. Уметниците ќе понудат свои видувања на композиции на најзначајните претставници на современата електронска музика.
Пожарот што попладнево избувна во Министерството за правда во центарот на Скопје е ставен под контрола. Нема повредени или загинати. Густ чад излегуваше од канцелариите на претпоследниот кат на министерството, каде што беа опожарени три канцеларии. Пожарникарските екипи се уште се на терен. Во гаснење на пожарот интервенираа 10 возила со 25 пожарникари. Сè уште не се знае причината за пожарот.
Пожарот што попладнево избувна во Министерството за правда во центарот на Скопје е ставен под контрола. Нема повредени или загинати. Густ чад излегуваше од канцелариите на претпоследниот кат на министерството, каде што беа опожарени три канцеларии. Пожарникарските екипи се уште се на терен. Во гаснење на пожарот интервенираа 10 возила со 25 пожарникари. Сè уште не се знае причината за пожарот.
Судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието, ќе продолжи на 16 април. На денешното рочиште, што траеше шест часа, беа сослушани тројца сведоци, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ. Џафери рече дека се случале извици „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“. Кирацовски рече дека луѓето правеле... Читать дальше...
Актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија била тема на денешната работна средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со амбасадорот на ЕУ и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги информирал амбасадорите за, како што потенцирал, бројните системски злоупотреби кои се извршуваат од страна на претставници на владејачката коалиција, со што државата се оддалечува од европската агенда. Мицкоски нагласил дека... Читать дальше...
Зградата на Министерството за правда ја зафати пожар. На лице место се пожарникари кои со скала се обидуваат да пристапат до зградата и да го локализираат пожарот. Чад излегува од прозорците на претпоследниот кат на зградата на министерството. Пред зградата пристигна и амбулантно возило. Сè уште не се знае причината за пожарот.
По рочиштето за „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека одбиеното изземање на судиите е доказ дека ова е политички, а не правен процес. Апелациониот суд го одби барањето за изземање на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Јужна Америка, која беше предвидена за оваа недела и ќе остане во САД за да „го надгледува американскиот одговор во Сирија и да ги следи случувањата во светот“, соопшти Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс денеска соопшти дека Трамп нема да присуствува на Самитот на Америките во Перу и нема да оди на закажаната посета на Колумбија на 13 април. Наместо него, ќе оди потпретседателот Мајк Пенс. Трамп вчера се закани... Читать дальше...
Во Кривичниот суд по претседателот на Собранието, Талат Џафери и министерот Дамјан Манчевски сведочи и пратеникот Александар Кирацовски за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година. Тој пред судот рече дека толпата наликувала на бесна орда која имала за цел да убие некого. Кирацовски порача и дека луѓето правеле јамки од каблите од микрофоните обидувајќи да уловат некои од пратениците. Според него, главна цел биле Зоран Заев и Зијадин Села.
Во предметот „Тенк“ на СЈО обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.
Во Кривичниот суд денеска сведочи и министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април, минатата година. Манчевски рече пред судот дека се здобил со удар по главата при што му бил скршен носот. „Маваа по нас, некои со раце, некои со сталаци за камери, со столици, со компјутери. Тоа траеше два и пол часа. Села беше на крајната лева страна од групата пратеници кои бевме во ќошот од прес-центарот“, кажа Манчевски. Читать дальше...
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека планот за новиот гасовод кој ќе ја поврзува Русија со нејзината земја нема да може да се оствари доколку не се разјасни улогата на Украина како транзит пат. Таа за време на прес-конференцијата со украинскиот претседател Петро Порошенко посочи дека не се работи само за економско прашање туку прашањето има и политички аспект. Северен тек 2 кој треба од Русија преку Балтичкото море да стигне до Германија ќе го зголеми за двојно постојниот капацитет на Северен тек.
Жители на Ниш денеска излегоа на протести против промена на сопствеништвото на аеродромот од градот на државата. Демонстрантите побараа оставка од градоначалникот, кој е член на владејачката партија на претседателот Александар Вучиќ. Советниците од општината го одложија гласањето за предлогот со аеродромот да менаџира државата наместо градот. Советот на општината го усвои предлогот на 30 март, велејќи дека тоа ќе помогне аеродромот да стане посилен економски и да има подобра позиција на пазарот. Читать дальше...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко не ја отфрли можноста за намалување на овластувањата на шефот на државата, но сугерираше и дека таква промена нема да се случи во блиска иднина. Тој на средба со претставници на медиуми од земјата посочи дека треба да се зајакнат овластувањата на премиерот и неговиот кабинет. Но, додаде дека моментот за промена на Уставот на Белорусија се уште не е дојден. Лукашенко е на власт од 1994 година.
Украинската полиција извршила претрес во домот и канцеларијата на пратеничката Надја Савченко кој е во притвор и ја чека судење под обвинение за заговор за терористички напад на Парламентот. Нејзината мајка, Марија Савченко изјави дека полицијата го конфискувала пиштолот кој ќерка и го добила како награда, како и муницијата за оружјето. Според полицијата, претресот бил поврзан со истрагата за Савченко. Генералниот обвинител Јури Луценко на 15 март тврдеше дека Савченко планирала да ја уништи... Читать дальше...
Руската амбасада во Лондон на Твитер и честита на Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал на нејзиното закрепнување по нападот со нервен гас во британскиот град Салсбери. „И честитаме на Јулија Скрипал за нејзиното закрепнување. Сепак, ни треба ургентен доказ дека она што и е направено е врз основа на нејзината слободна волја“, напишаа од амбасадата на социјалната мрежа. Јулија Скрипал денеска беше отпуштена од болницата во Британија и префрлена на безбедна локација. Читать дальше...
Што треба да биде заокружено на престојната средба за името меѓу Коѕијас и Димитров во Охрид? Дали името, јазикот и како ќе биде напишано државјанството е веќе договорено и дали главната пречка не(промената) на Уставот ќе се решава етапно?
Српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска остварија средба во Мостар. Вучиќ изјави дека многу време е пред нив и многу нешта можат да се случат и пред претстојниот Самит во Софија, затоа важно е да направат се што е можно за да се зачуваат мирот и стабилноста на Балканот. Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека се зголемува интересот на инвеститорите за регионот и дека ЕУ се залага за мир и просперитет на Балканот. „Дали и големите геополитички играчи го сакаат истото - не знам“... Читать дальше...
Можно е до крајот на неделава Собранието да ги донесе реформските закони, коментираат аналитичари. Тие велат дека барањето за интерпелација на Владата од страна на ВМРО-ДПМНЕ е легитимно укажување на некои слабости и според нив, таа нема да ги попречи реформските закони.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Кривичниот суд сведочи за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година. Џафери пред судот рече дека се почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес-центарот на Собранието. Според него, тие почнале најпрвин физички да ги напаѓаат присутните, па потоа и со сета опрема која била во прес- центарот. Лицата кои застанале во негова заштита, како што истакна Џафери... Читать дальше...
Рускиот вицепремиер Аркади Дворкович изјави денеска дека новите американски санкции врз некои руски компании создале неизвесност за сите инвеститори. Според него, важно е Русија да ја минимизира таа неизвесност. САД во петокот воведоа санкции за 24 Руси меѓу кои има владини претставници и олигарси, како и за 14 компании, поради активности на земјата за поткопување на западните демократии.
Јулија Скрипал ќерката на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал е отпуштена од болницата во Британија. БиБиСи јави дека 33 годишната Јулија била префрлена на безбедна локација. Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа отруени со нервен гас во британскиот град Салсбери на 4 март. Докторите соопштија дека се подобрува здравствената состојба и на поранешниот шпион кој веќе не е во критична ситуација.