Бројот на загинати во самоубиствениот бомбашки напад во Кабул се искачи на 57, а 119 луѓе се ранети. Меѓу загинатите има 21 жена и пет деца, велат властите. Нападот се случил во центар за регистрација на гласачи во шиитска населба во западен Кабул, каде што голема група луѓе чекала да си ги подигне националните идентификациски картички. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот. Оваа организација и претходно извршуваше напади во шиитскиот дел на градот. На 14 април почна регистрирањето... Читать дальше...
Турција денеска го критикува Извештајот за човековите права на Стејт департментот. „Турција е длабоко разочарана од Извештајот. Тој е полн со тврдења и обвинувања во делот кој се однесува за нашата земја, кои не може да бидат прифатени“, пишува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи. Во соопштението натаму стои дека и покрај интензивната борба против сериозните, многубројни терористички закани, Турција продолжува да ги почитува принципите за демократија, како и човековите права и владеењето на правото. Читать дальше...
Француската полиција го евакуираше туристичкото место Мон Сен-Мишел кај брегот на Нормандија и изврши претрес на куќи откако човек упатил закани до безбедносните сили, јавуваат локалните медиуми. „Човек влегол во Мон Сен-Мишел. Пред сопственикот на кафетеријата упатил јасни и прецизни закани за безбедносните сили“, соопштија локалните власти. Полицијата трага по човекот, но велат дека е можно да го напуштил местото заедно со евакуираните туристи. Секоја година илјадници туристи го посетуваат островот Мон Сен-Мишел. Читать дальше...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди Австрија, откако во петокот австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека предизборните средби, поврзани со претстојните избори во Турција, закажани за во јуни, ќе бидат забранети. „Мерките кои ги презема Австрија ќе се свртат против неа“, изјави Ердоган по објавувањето на предвремените избори во Турција. Тој истакна дека „борбата на Турција за демократија не може да биде лесно запрена“, предупредувајќи дека оние кои се обидуваат да ја спречат „ќе ја платат цената“. Читать дальше...
Поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј во емисија на Франс 24 предупреди дека се можни немири во регионот од поранешна Југославија без интеграција во ЕУ. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Херман Ван Ромпуј, кој е поранешен премиер на Белгија и претходник на Донал Туск во Европскиот совет, во интервју за француската телевизија беше прашан за отпорот на западните земји членки кон проширувањето и препораката на Европската комисија да се отворат преговори за членство со Македонија и Албанија. Читать дальше...
Јапонката Наби Тајима, за која се веруваше дека е најстара жена во светот, почина во 118 година од животот, соопштија јапонски претставници. Тајима, која е родена на 4 август 1900 година, починала синоќа на родниот град Кикаи. Таа има 160 потомци меѓу кои и пра-пра-пра внуци. Се верува дека таа беше најстарата жена на светот по смртта на Јамајканката Вајолет Браун во јули минатата година. Таа имаше 117 година кога почина. Гинисовата книга на рекорди не ја прогласи официјално Тајима за најстара жена на светот. Читать дальше...
Илјадници Унгарци протестираат втора недела по ред против политиките на повторно реизбраниот премиер Виктор Орбан. Организаторите велат дека синоќа на протести ширум Унгарија излегле повеќе од 100 илјади луѓе, додека околу 30 илјади протестирале во Будимпешта. Организаторите велат дека протестите се непартиски и на нив учествуваат луѓе од различни политички партии. Владејачката партија Фидеш победи на парламентарните избори на 8 април, со што Орбан доби трет мандат по ред и четврти вкупно како премиер. Читать дальше...
Најмалку 31 луѓе загинаа, а 54 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Првично беше соопштено дека во нападот загинале четворица луѓе, а 15 биле ранети. Нападот се случил во центар за регистрација на гласачи во шиитска населба во западен Кабул, каде што голема група луѓе чекала да си ги подигне националните идентификациски картички. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Исламската држава претходно извршуваше напади во шиитскиот дел на градот. На 14 април почна регистрирањето... Читать дальше...
Лидерот на протестите во Ерменија Никол Пашанијан е уапсен во Ереван и однесен во полициска станица. Тој беше уапсен набргу по пропаѓањето на разговорите со премиерот Серж Саркисјан. Претходно, Саркисјан го напушти состанокот со лидерот на протестите, обвинувајќи ја опозицијата за „уцена“. „Дојдов да разговараме за вашата оставка“, му рече Пашинијан на премиерот на почетокот на состанокот во хотелот Мериот во Ереван. „Ова не е дијалог, ова е уцена“, рече Саркисјан по што го напушти состанокот на кој беа присутни и медиумите. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 18 до 28 степени. Во Скопје слично време со температура до 27 степени. Продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Од вторник до петок во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд, но во поголемиот дел од земјата и понатаму ќе се задржи суво време.
Сметаме дека има место за земјите од Западен Балкан во ЕУ и тој процес не треба да биде запрен, вели полскиот амбасадор во Македонија Јацек Мултановски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Економската соработка меѓу Полска и Македонија, ставот на Полска за проширувањето на Европската унија и за преговорите за името со Грција, се дел од темите на кои разговараме со полскиот амбасадор во Македонија Јацек Мултановски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.