Министерството за надворешни работи вечерва го осуди сквернавењето на спомен-плочата во Охрид на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа во Охрид. Информира дека споменикот е вратен во првобитната состојба и оти станува збор за изолиран случај, што не е во согласност ниту со државната политика, ниту претставува интерес на граѓаните. Графити врз спомен-плочата за загинатите бугарски туристи во Охрид, реагира бугарската амбасада Во оваа прилика, се дополнува во соопштението, сакаме да потенцираме дека се работи за изолиран случај... Читать дальше...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук профил напиша дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност. Милионски штети од пожарите, потребни пет децении за обнова на шумите „Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Сè уште се работи на добар дел од овие случаи и штом... Читать дальше...
Руските власти го уапсија шефот на институтот за истражување хиперсонични летови во Санкт Петерсбург, Александар Куранов, за велепредавство. Обласниот суд Лефортово во Москва денеска треба да ги одреди условите за притвор. Во Русија се интензивира репресијата врз опозицијата, што следува? Куранов е осомничен дека му дал класифицирани материјали за истражувањата за хиперсонична технологија на странски државјанин, објавуваат медиумите. Научникот работел на концептот за ново хиперсонично вселенско летало наречено Ајакс. Читать дальше...
Претставници на Туркменистан, Узбекистан и на Русија разговарале со шефот на политичката канцеларија на талибанците во Катар, во услови кога во регионот има зголемена загриженост за тековната офанзива на милитантите низ Авганистан. Талибанците би можеле да го заземат Кабул за 90 дена Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид денеска за РСЕ рече дека водачот на талибанците Мула Абдул Гани Барадар имал средба со заменик-министерот за надворешни работи на Туркменистан, Вепа Хаџиев и со узбекистанскиот... Читать дальше...
Непознати сторители со испишани графити ја нагрдиле спомен плочата поставена пред паметникот на бугарските туристи кои трагично настрадаа во бродската несреќа на Охридското Езеро. На таблата пред споменикот се забележуваат испишани графити, но самиот споменик или таблата не е оштетена. Пресуда за бродската несреќа на „Илинден“ Министерството за надворешни работи на Бугарија длабоко жали за повторениот чин на сквернавење на спомен плочата на 15-те бугарски туристи кои загинаа во несреќата со бродот „Илинден“ во 2009 година во Охрид... Читать дальше...
Месецов во Битола треба да се стави во функција таканаречената гама камера. До крајот на годината треба да проработи и акцелераторот за зрачна терапија за болните од рак. За овие услуги досега луѓето од југоистокот одеа во Скопје.
Здравствените власти на северот на Германија повикаа 8000 луѓе да ја повторат вакцинацијата, поради сомнеж дека медицинска сестра им давала физиолошки раствор, а не вакцина против коронавирус. Полицијата го истражува инцидентот кој се случил во центарот за вакцинација во Фрисланд во близина на Северното Море, пренесува Би би си. Бизнисот со ПЦР тестови „цвета“ Осомничената медицинска сестра претходно признала дека на пациентите им давала физиолошки раствор, зашто скршила шест шишенца со вакцини. Читать дальше...
Македонската репрезентација падна за 10 места на денеска објавената ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Македонија сега е на 72 место. Пандев се прости од репрезентацијата, која доживеа трет пораз на ЕУРО 2020 Тоа е најголем пад на македонската репрезентација во изминатите две години, а следува по трите порази на Европското првенство. Македонија годинава за првпат играше на Европско првенство. Репрезентацијата ги загуби сите три меча во групата Ц. Македонската репрезентација беше поразена 3-1 од Австрија... Читать дальше...
Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани нови 639 случаи на коронавирус, а 6 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 5.390 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 218, во Тетово има 113, Гостивар 99, Струмица 37, Куманово 34, Кичево 32, Битола 17, Струга 16, Дебар 9, Велес и Охрид по 8, Прилеп, Кавадарци и Берово по 6, Штип, Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово 4, Кочани 3, Радовиш и Делчево по 2, и Неготино, Крива Паланка, Виница и Демир Капија по еден нов случај. Читать дальше...
Спасивме илјадници човечки животи и наш прв приоритет беше и е спасување на животите, на луѓето и на животните, а најважно е што немавме жртви, порача, меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција со грчките новинари и странските дописници за катастрофалните пожари што ја зафатија земјата. „Го имавме најголемиот пожар во последните најмалку 15 години со речиси 100 истовремени пожари секој ден. Бројот 112, повторното воспоставување од нула на Цивилната заштита... Читать дальше...
Твитер и Јутјуб потврдија за РСЕ дека ќе ги отстранат содржините со кои се негира геноцидот во Сребреница на нивните социјални платформи. Потврдата е по барањето на Институтот за истражување на геноцид Канада упатено до технолошките гиганти Твитер и Јутјуб, барајќи од нив да го забранат негирањето на геноцидот во Сребреница на нивните платформи. Историја на Хашкиот трибунал: Децении на правда за злосторствата во екс-Југославија Твитер и Јутјуб соопштија дека му одговориле на институтот дека... Читать дальше...
Новата програма за првоодделенците и четвртоодделенците која беше усвоена во март годинава како концепција за основно образование, ќе стартува ова учебна година. Планот на Министерството за образование и наука е за пет години да биде реформирано целото деветгодишно основно образование. Според учесниците во изготвувањето на новата концепција, придобивки се намален број предмети, нивно интегрирање и можност за учениците да избираат предмети со што се почитуваат нивните интереси и се овозможува развој на нивните потенцијали. Читать дальше...
Белоруските власти го уапсија поранешниот белоруски амбасадор во Словачка Ихар Луашења, кој отворено ги подржувал антивладините масовни протести на кои се оспоруваа официјалните резултати од минатогодишните претседателски избори. Тој бил приведен вчера, откако бил извршен претрес во неговиот дом. Според податоците од независна група волонтери која се занимава со лоцирање на притвореници, Луашења е сместен во озлогласениот притвор во Минск заедно со десетици други притвореници. Властите се уште... Читать дальше...
Од понеделник во кафеана само со вакцина е мерката што владата ја соопшти седум дена пред да ја спроведе. На помалку од три недели до почетокот на учебната година се уште остануваат трите опции кои образование ги најави во јуни, а нема дополнителни детали за нив.
Турските власти соопштија дека најмалку четири луѓе загинаа, а едно се води како исчезнато во поплавите што вчера го погодија турскиот град Кастомону, во црноморскиот регион. Обилните дождови предизвикаа поплави во турските покраини на брегот на Црно Море, Бартин и Синоп. Жителите се евакуираат со хеликоптери поради затворените патишта, како и оштетени или урнати мостови. Северниот дел на Турција во лето е подложен на поплави, каде минатата година загинаа пет луѓе.
Младенци во Тетово, позитивни на коронавирус, отишле во болница да се „освежат“ со инфузија па си истерале свадба со сите салтанати. Слична ситуација се случила во Охрид, а зетот завршил во болница. Да беше Чернодрински жив ќе имаше инспирација за „Македонска ковид свадба“, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
На неколку локации на Халкидики, доцна синоќа избувнаа пожари, веројатно предизвикани од громови, но не претставуваат опасност, додека пак значително е подобрена ситуацијата на грчкиот остров Евија и на Пелопонез, јавува новинската агенција МИА. Засега активен е еден пожар во Фурка, каде што каде што интервенираат 76 пожарникари со четири пешадиски тимови, со 29 возила и по еден авион и хеликоптер. Невремето проследено со дожд во текот на ноќта помогна и им ја олесни работата на пожарникарите во северниот дел на Евија... Читать дальше...
Брзината на напредувањето на Талибанците ја шокираше авганистанската влада, но и САД и сојузниците. Патиштата кон Кабул се преполни со луѓе кои бегаат од насилствата.
Хеликоптерот Ми-8 кој превезувал 16 туристи кон Камчатка се урна во вулканско Курилско езеро при што најмалку осуммина загинаа и двајца се тешко повредени, соопштија локалните власти. Гувернерот Владимир Солодов изјави дека вработените во природниот резерват на Камчатка пронашле дел од луѓето по несреќата и дека двајца од преживеаните се хоспитализирани на интензивна нега со тешки повреди. Десетици спасувачки екипи со чамци и нуркачи ги бараа преостанатите осум лица кои биле во хеликоптерот, вклучувајќи едно дете и член на екипажот. Читать дальше...
Американските здравствени власти соопштија дека вакцините против ковид-19 се безбедни и за трудници и дека последното истражување покажало дека вакцините не го зголемуваат ризикот за спонтан абортус. Тие ги повикаа бремените жени да се вклучат во процесот на имунизација. Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести Рошел Валенски ги охрабрува сите бремени жени и доилки кои размислуваат дали да се вакцинираат против ковид-19, да го сторат тоа. „Вакцините се безбедни и... Читать дальше...
Без актуализираниот буџет во следните месеци ќе биде многу тешко и за претстојната здравствена криза и за преземање на мерките на државата неопходни за бизнисот и за социјалниот систем, изјави денеска привремениот бугарски премиер Стефан Јанев на редовниот состанок на Владата. Тој коментирајќи ја сложената ситуација во земјата изрази загриженост дека оваа ситуација може да има негативно влијание врз стабилноста во Бугарија. „Сето ова води кон нестабилност и непредвидливост во политичкото опкружување“, коментираше Стефан Јанев. Читать дальше...
Над 16 милиони евра потрошиле македонските граѓани во приватните здравствени установи за проверка дали се позитивни на ковид-19. Во пандемијата најголем „ќар“ видоа приватните болници и лаборатории.
Швајцарија е во добра позиција да ја постигне својата цел за постигнување на нула нето во емисиите на стакленички гасови до 2050 година, соопшти владата, отфрлајќи ја кампањата со која се сака да се забранат фосилните горива. Владата излезе со контра-предлог на таканаречената референдумска иницијатива „Глечер“, која сака да го ограничи влијанието на климатските промени во алпската земја. Темата стана чувствителна во Швајцарија, каде што сувите лета, обилните дождови и снежните зими се меѓу очекуваните последици од климатските промени. Читать дальше...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се заблагодари на САД за поддршката на „обединувањето на земјите во регионот и економската интеграција“. Во вчерашниот разговор со американскиот амбасадор Ентони Годфри, Вучиќ оцени дека српско-американските односи се во пораст, а обединувањето на земјите во регионот значи напредок на Србија и на сите во регионот. Подготвени ли се државите за отворен Балкан од 2023 година? „Србија, со американска поддршка, може многу да промени во својата иднина,... Читать дальше...
Светската здравствена организација соопшти дека наскоро ќе започне со тестирање на три лекови што во моментов се користат за други болести за да се види дали тие можат да им помогнат на пациентите кои страдаат од коронавирус. Здравствената агенција на ОН соопшти дека трите лекови ќе бидат усвоени во следната фаза од нејзините тековни глобални истражувања за идентификување потенцијални третмани за ковид-19. Лековите што се тестираат беа избрани од независен панел врз основа на веројатноста дека можат... Читать дальше...