Американски воени авиони прелетуваат над Кабул за да ја обезбедат операцијата за евакуација од таму, соопшти денеска Пентагон. Вооружените борбени авиони не летаа ниско над градот, туку направија таканаречени летови за набљудување, рече портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на брифинг со новинарите. Генерал -мајорот на американската армија Вилијам Тејлор рече дека сега има отворено повеќе излези на меѓународниот аеродром во Кабул и дека досега се евакуирани околу 7.000 луѓе. Тој рече дека сега... Читать дальше...
Во последните 24 часа се регистрирани 1.158 нови случаи на ковид-19 од се направени 6.256 тестирањa, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 353 нови случаи, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по 13, Кочани и Ресен – по 10, Свети Николе – 9, Кратово – 8, Пробиштип и Македонски Брод – по 6, Богданци – 5, Берово и Виница – по 4, Радовиш и Делчево ... Читать дальше...
Пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај е се уште активен на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Во текот на денешниот ден повторно бил разгорен и кракот кон антената на Т – мобиле. Гори нискостеблеста мешана и деградирана шума, а на пожарот интервенираа и два армиски хеликоптери, соопшти Центарот за управување со кризи, информирајќи за состојба со пожарите до 16 часот Активен е и пожарот во атарот на селата Ракле-Никодин-Топлица, општина Прилеп. Пожарот и на горниот и долниот дел е згаснат, но има слабо чадење. Читать дальше...
Американската полицијата објави дека се испитува дали е поставена експлозивна направа во камион лоциран на Капитол Хил во Вашингтон. Полиција денеска издаде предупредување во кое се наведува дека полицајци испитуваат сомнително возило во близина на Библиотеката на Конгресот и дека станува збор „активна истрага за закана од бомба“. Полицијата се уште ја спроведува својата истрага. Наводно, камионот е паркиран пред зградата на Библиотеката на Конгресот, која се наоѓа во близина на американскиот Капитол и на Врховниот суд... Читать дальше...
Талибанците пукале врз Авганистанци кои го вееле националното знаме за да го одбележат Денот на независноста на земјата, велат очевидци. Во неколку градови во Авганистан граѓани излегле на улиците и вееле знамиња. Во источниот град Асадабад, сведок за Ројтерс изјавил дека талибанските борци пукале врз демонстрантите кои вееле тробојни национални знамиња на собирот на Денот на независноста, при што загинале неколку луѓе. Не е јасно дали жртвите се од пукањето или од стампедото предизвикано од истрелите. Читать дальше...
Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година во мигрантското прашање, рече денеска портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на редовниот брифинг со новинари. Грчката влада по прашањето за Авганистан и евентуален нов мигрантски бран своите активности ќе ги усогласи со Европската унија, рече владиниот портпарол. Тие побарале од ЕУ да се формира заеднички став и да постои заедничко справување доколку дојде до хуманитарна криза. Читать дальше...
Велика Британија, Франција и Германија, кои се земји потписнички на Договорот за нуклеарната програма на Иран, изразија сериозна загриженост дека Техеран го крши договореното во 2015, односно го забрза збогатувањето ураниум. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во извештајот до земјите -членки соопшти дека Иран збогатува ураниум до 60 проценти чистота користејќи втора каскада на центрифуги во неговиот нуклеарен објект Натанц. Во мај, МААЕ со седиште во Виена наведе дека Иран користи... Читать дальше...
Бугарскиот претседател Румен Радев утре треба да го врачи мандатот за формирање влада на втората по големина парламентарна група во Собранието – Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ). Од Кабинетот на Радев соопштија дека мандатот ќе биде врачен утре наутро. Од ГЕРБ претходно изјавија дека веднаш ќе го вратат мандатот, но сепак ќе претстават состав на Министерскиот совет. Според лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, партијата ќе претстави премиер и кабинет за да можат другите да се споредуваат. Читать дальше...
Надминат е проблемот што настана со граѓаните кои немаат важечки лични карти и затоа не можеа да си подигнат пари од банка, соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА). Од Асоцијацијата соопштија граѓаните ќе може да ги користат услугите на банките и штедилниците и со пасоши. Доколку пак граѓанинот нема важечка лична карта, а нема ниту пасош, тогаш предвид ќе се земат и потврдите од МВР дека лицето поднело барање за издавање нова лична карта. Станува збор за потврдата којашто редовно се издава... Читать дальше...
Европската комисија го усвои дигитален сертификат на Македонија и истиот го смета за еквивалентен на дигиталниот сертификат на ЕУ, соопштуваат од Министерството за здравство. Од таму велат дека ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на дигиталниот сертификат на ЕУ. Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Читать дальше...
Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, од денеска ЈП „Македонски шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шуми – само со однапред добиена дозвола, изјави на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Правните и физички лица кои имаат потреба да се движат во природа, од денеска со однапред добиена дозвола ќе може да го направат тоа. Инаку во моментот активни се четири пожари на територијата на земјава ... Читать дальше...
Врховниот суд во Германија денеска објави дека Беате Шепе, членка на неонацистичката група која пред седум години напаѓаше и убиваше припадници на турските и други малцинства, може да остане во затвор до крајот на животот, поради сериозноста на сторените кривични дела. Федералниот суд на правдата објави дека ја отфрли нејзината жалба против пресудата во врска со десетте точки од обвинението за убиство. Судот заклучи дека нејзините злосторства се толку сериозни што би можела да остане во затвор подолго од вообичаените 15 години. Читать дальше...
За жал, Законот за лични карти е блокиран од Левица со амандмани, иако Беса беше флексибилна да го поднесе амандманот со одложено дејство од 2023 година. Но, Левица заклучи да го блокира и со таа блокада, патат, плачат и трпат граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој информира дека преку 40 илјади лични карти не се издадени, а се поднесени барања, некои од нив првпат. „Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на Парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти. Читать дальше...
Лидерот на проиранскиот либански Хезболах, Хасан Насрала, денеска објави дека ирански танкер со гориво ќе исплови за Либан за неколку часа, предупредувајќи ги Соединетите Држави и Израел да не го пресретнуваат. Според Асошиејтед прес (АП), испораката била организирана од Хезболах, што претставува кршење на американските санкции воведени против Техеран, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја повлече својата земја од нуклеарниот договор меѓу Иран и големите сили пред три години. Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев денеска му порача на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски дека доколку сака поддршка од сите граѓани треба да се обрати до сите заедници, а не само кон една. Заев ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање за можната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива. „Да продолжиме сите да се враќаме кон граѓаните, се надевам и тој, еднакво за сите. Кога тоа г. Мицковски ќе го прави и ќе настапува во една мултиетничка и мултирелигиска држава тогаш може да очекува поддршка од сите подеднакво. Читать дальше...
Системот за издавање лични карти е сменет со уставното име, а законот со кој би требало тоа да влезе во употреба е блокиран во Собрание. Накратко, ова е причината поради која не се издаваат лични карти, поради што граѓани не може да земат ниту пензија со месеци оти немаат лична карта.
УНИЦЕФ ја поздрави одлуката на Владата за отворање на училиштата со физичко присуство за сите ученици од 1 септември. Патриција ДиЏовани, претставник на УНИЦЕФ во изјава за медиумите ја охрабрува ваквата одлука на Владата и истакнува дека ризикот од пренос на Ковид-19 во училиштата може да се контролира со засилени превентивни мерки и навремено откривање и изолација на случаите и на нивните контакти. „Сфаќаме дека одлуките за отворање на училиштата се разгледуваат во контекст на епидемиолошката... Читать дальше...
Активистите за човекови права во Србија и Босна и Херцеговина се подготвуваат да примат и да им помогнат на бегалците што се очекува да пристигнат од Авганистан откако Талибанците ја презедоа контролата врз земјата. Душан Комарчевиќ.
Членството на Северна Македонија во НАТО дава дополнителен придонес кон напредокот, развојот и стабилноста на Балканот, било констатирано на денешната средба помеѓу претседателот Стево Пендаровски и командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. Како што се соопштува од претседателскиот кабинет, на средбата се разговарало за досегашната успешна и плодна соработка меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, преку заедничкото учество во мировни мисии... Читать дальше...
Концертот на Цеца во Пробиштип не требаше да се откаже, туку да се искористи да се вакцинираат што повеќе луѓе. Со секоја вакцина требаше да следува гратис карта, се шегуваат граѓаните на социјалните мрежи.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Џозеф Борел изјави дека случувањата во Авганистан се „катастрофа и кошмар“ и дека се случил неуспех во разузнавањето, бидејќи не се очекувало талибанците да се вратат на власт. Во обраќањето пред Европскиот парламент, Борел изјави дека првата група од 106 членови на персоналот на ЕУ била префрлена со авион од Авганистан во Шпанија, пренесува Ројтерс. Тој нагласи дека околу 400 Авганистанци кои работеле со ЕУ и членови на нивните семејства се евакуирани во Европа... Читать дальше...
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека Анкара ги поздравува умерените изјави на талибанските лидери и оти Анкара е подготвена за соработка со нив. „Турција е подготвена за секаков вид на соработка за мир во Авганистан, за благосостојба на нашите роднини во земјата и за заштита на интересите на Турција“, изјави Ердоган во заедничкото интервју за Канал 7, Улке ТВ, 24 ТВ, ТВНЕТ и ТВ 360. Тој додаде дека военото присуство на Турција во Авганистан ќе ја зајакне новата администрација во Кабул на меѓународна сцена. Читать дальше...
Македонија е една од отскочните даски за африканскиот медицински канабис за европскиот пазар. Владата не открива која фирма има дозвола за увоз на 8,5 тони сув цвет канабис, но вели дека годинава од Лесото се увезени 265 килограми марихуана.
Европската Унија го осуди како што го нарече „агресивното однесување“ на Белорусија, обвинувајќи ја земјата за „директен напад“ поради испраќањето баратели на азил преку границата со земјите од блокот. Министрите за внатрешни работи на ЕУ соопштија дека Белорусија се обидува да ги „инструментализира човечките суштества за политички цели“ по вонредниот состанок на 18 август, на кој се разговараше за алармантната ситуација поради илегалните гранични премини во Летонија, Литванија и Полска. „Ова... Читать дальше...
До нас секојдневно стигнуваат претставки за прекршување на правото на лични документи, вели заменик народната правобранителка Сузана Салиу. Проблемот, ако не се најде решение, може да биде многу поголем затоа што престојат попис и локални избори за кои се клучни документите за лична идентификација.