До нас секојдневно стигнуваат претставки за прекршување на правото на лични документи, вели заменик народната правобранителка Сузана Салиу. Проблемот, ако не се најде решение, може да биде многу поголем затоа што престојат попис и локални избори за кои се клучни документите за лична идентификација.