Првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби денеска изјави дека тендерот за организација на настаните поврзани со одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамовен договор бил транспарентен. Според него, трошокот „нема да биде поголем од придобивката што ја имаме од Охридскиот рамковен договор“. „Во однос на тендереската постапка, се беше транспаретно, меѓународен тендер и се заврши со позитивно мислење на Бирото за јавни набавки. Цената е таа, но не мора да значи дека тоа ќе го исплатиме на... Читать дальше...
Јавното обвинителство соопшти денеска дека по спогодбите со седуммината припадници на таканаречената група од Гази Баба осомничени во предметот „Планина“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Предлог- спогодби со уште седум лица од групата во Грчец. МВР објави меѓународни потерници за шест луѓе поврзани со акцијата „Планина“ „Откако беа запознаени со доказите што обвинителството ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка... Читать дальше...
Владата на денешната 98-та седница донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за услуги за прелети и за терминални услуги во воздушниот простор на Република Северна Македонија на летовите на воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија. „Ослободувањето од плаќање на надоместокот на услугите за прелети и за терминални услуги на воени и полициски воздухоплови на наведените земји е за пружање помош во гасењето на пожарите на отворен простор“, се наведува во соопштението на владината прес-служба. Читать дальше...
Помошникот раководител на Центарот за управување со кризи, Марија Милкова на попладневната прес-конференција изјави дека авионот на Романското воено воздухопловство во два налети дејствувал на пожарот во прилепско кај селата Топлица, Ракле и Никодин, што е делумно локализиран, но, на одредени места се уште има чадење. Според неа, до 16:00 часот се уште активни се осум пожари, а останатите се делумно локализирани. Таа информира дека пожарот во Делчевскиот регион во село Разловци и село Нов Истевник е ставен под контрола. Читать дальше...
Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша извршна наредба со која се воведуваат нови санкции против режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, додека Соединетите држави го зајакнуваат притисокот врз неговата влада во координирана акција со Обединетото Кралство и Канада. САД на годишнината од спорните претседателските избори во Белорусија ги воведуваат најголемите санкции против белоруски поединци и ентитети, насочени кон економијата на земјата и Белорускиот национален олимписки комитет... Читать дальше...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути изјави денеска дека механизмот на ЕУ за цивилна заштита е активен уште од самиот почеток на пожарите. „Со помошта од Австрија, Словенија и Бугарија и воздухопловот од Романија досега држиме се под контрола“, изјави Максути кој заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го посетија кампот на австриските пожарникари во пехчевско. Ангелов: сите села во чија близина има пожари се обезбедени Според него, пожарот кај селото Мачево... Читать дальше...
Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Иран да ги продолжи преговорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. Но, новиот претседател на Иран, Ебрахим Раиси, рече дека најпрвин мора „правата“ на Иран да се гарантираат. „Макрон го повика Иран брзо да ги продолжи преговорите во Виена за да се дојде до заклучок и да се стави крај, без одлагање, на сите нуклеарни активности што го прекршуваат договорот“, соопшти денеска француското претседателство откако францускиот претседател телефонски разговараше со Раиси... Читать дальше...
Саудиска Арабија почна да исплаќа по половина милион саудиски ријали (околу 133 000 американски долари) на семејствата на секој здравствен работник кој починал во борбата со пандемијата на коронавирусот. Во соопштението владата наведува дека парите ќе ги добијат семејствата на сите здравствените работници кои починале во битката со пандемијата без разлика дали се од јавното, военото или приватното здравство и без разлика на тоа дали се Саудијци или не. Саудиска Арабија го ограничува годинашниот... Читать дальше...
Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19. Најмногу од нив се во Скопје- 79. Оздравени се 32 пациенти, а пријавени се 2 починати лица од Тетово на возраст од 31 и 70 години. Ковид мерки- После свадба тапани Досега во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509... Читать дальше...
Пожарот кај Жељувино-Дренак е локализиран, но сè уште дежура екипа од противпожарната единица на Старо Нагоричане, информираше денеска командирот, Далибор Трајковски. „Со пожарот беше опфатена сува трева, деградирана шума. Екипите вчера беа до 20.30 часот, а денеска по гасењето сè уште се таму, за да спречат негово повторно разгорување“, изјави Трајковски. ТППЕ од Старо Нагоричане го гасеше пожарот со едно теренско возило и пет пожарникари интервенира со грбни пумпи и поддршка на мештани. Овој... Читать дальше...
Италијанската полиција денеска соопшти дела блокирала неколку групи на апликацијата за електронска комуникација Телеграм каде што корисниците си купувале лажни сертификати за ковид19 кои се неопходни за разни активности и услуги. Таканаречената зелената пропусница може да биде дигитална или хартиена и покажува дали некој примил барем една доза на вакцина против ковид19, е негативен на ПЦР тест или, пак, има антитела по прележувањето на вирусот. Полиците во соопштението наведува дека се затворени... Читать дальше...
Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот. Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да воведат порестриктивни мерки. „Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен „локдаун“ на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори“... Читать дальше...
Лидерот на најголемата парламентарна партија во бугарскиот Парламент, Слави Трифонов, на Фејсбук напиша дека доколку протестните партии не гласаат за владата на „Има таков народ“, резултатот ќе биде суспензија и одложување на сите реформи. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Трифонов смета дека тоа објективно би било предавство од протестните партии и ќе доведе до нови предвремени парламентарни избори и радост за поранешните бугарски властодршци од ГЕРБ. Бугарските социјалисти без... Читать дальше...
Во изминатите три години владата однапред информираше кога и каде ќе летуваат премиерот и дел од министрите. Оваа година соопшти дека премиерот е на одмор три дена подоцна откако веќе се појавија фотографии на социјалните мрежи.
Србија почна да ги извлекува своите туристи од грчкиот остров Евија каде што со денови беснее пожар. Како што рече српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ тие ќе бидат пренесени на безбедни локации. Таа денеска прецизира дека на островот има околу 500 патници, дека не се загрозени, но дека поради внимателност ќе бидат пренесени на безбедни локации. Досега според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“ на островот изгореле речиси 50.000 хектари површина. Читать дальше...
Ние не сме единствена земја која ќе воведе мерки, велат од Министерството за здравство. Епидемиологот доктор Драган Даниловски во својот став за мерката за приложување доказ за примена најмалку една доза вакцина при влез во објекти вели дека мерката нема никаква епидемиолошка смисла.
Сите села во чија близина беснеат пожари се обезбедени со сите оние методи кои ги користи која било противпожарна служба во светот, информира на денешната прес-конференција в.д. директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Тој посочи дека се изорани местата и направена е тампон зона преку која пожарот не може да премине. На линијата се поставени цистерни доколку пожарот премине од другата страна на тампон зоната да можат да дејствуваат и да не биде загрозено селото. „Опасноста е намалена и сега сме концентрирани кон шумите“ вели Ангелов. Читать дальше...
Израелскиот премиер Нафтали Бенет вели дека Техеран и проиранската група Хезболах се обидуваат да го инволвираат Либан во фронт против Израел, но дека сепак либанската влада мора да преземе одговорност за ракетирањето од негова територија. Бенет рече дека државата Либан и либанската армија мора да преземат одговорност за тоа што им се случува во нивниот двор. „Дури и во време на економска и политичка криза во Либан, Иран и Хезболах ги заплеткуваат Либанците во фронт против Израел“, рече Бенет пред состанокот на израелската влада. Читать дальше...
Против едно физичко и едно правно лице Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје. „Обвинетото правно лице – ресторан и неговиот управител на 18.08.2020 година не постапиле согласно прописите со кои беа определени мерки за превенција и заштита на населението од заразни болести. Имено, при контрола од Државниот пазарен инспекторат во ресторанот... Читать дальше...
Стакленичките гасови во атмосферата се на доволно високо ниво за да гарантираат нарушување на климата најмалку во следните декади, наведоа научниците во извештајот за климатските промени објавен денеска. Временските екстреми како смртоносните топлотни бранови и ураганите кои се случуваат сега се очекува да станат почести. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го опиша извештајот како „црвен сигнал за човештвото“ и побара да се сопре со користење на јаглен и други фосилни горива кои предизвикуваат големо загадување. Читать дальше...
Европската унија се закани со нови мерки против белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко додека демонстрантите во земјата одбележуваат една година од неговиот реизбор за претседател кој опозицијата тврди дека е наместен. "ЕУ е спремна да разгледа понатамошни мерки во светло на бесрамното непочитување на меѓународните обврски од страна на режимот“, рече шефот на европската надворешна политика Џозеп Борел. ЕУ на вонреден состанок ќе разговара за напливот на мигранти преку Белорусија... Читать дальше...
Пожарите што ја зафатија земјата и порастот на бројот на позитивни од корна вирусот се двете теми кои ја окупираа јавноста минатава недела. Во фокусот на вашите коментари пак, е односот на политичарите кон нив
Лидерската структура на Талибанците покажува дека нејзиниот политички тим во Доха нема директна контрола врз командантите и борците на бојното поле во Авганистан. Рон Синовиц
Се уште се активни пожарите во Пехчево, Сарај во Скопје, Петровец, Старо Нагоричане, Прилеп, Штип, Битола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно состојбата до 8 часот. Пожарот во делчевско е под контрола и нема опасност од негово ширење, а локализиран е и пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане, прилепско. Како што соопшти ЦУК, пожарите во село Трботивиште – Нов Истевник место викано Света Вода и село Разловци во општина Делчево се во потполна контрола и нема никаква опасност од нивно ширење. Читать дальше...
Министерството за здравство денеска преку соопштение информира дека во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта варијантата на ковид19, која рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па, како што се наведува, многу е веројатно истото да се случи и кај нас. Од таму апелираат дека ова ја прави вакцинацијата уште поважна и наведуваат дека мора да се вакцинираат што поголем број граѓани за да се избегне повторно затворање, полициски час и слично. Нови ковид-мерки: Потврда за вакцина... Читать дальше...