НАТО и ЕУ упатија критики кон Иран поради наводниот напад со беспилотни летала врз танкер во Арапското Море, во кој минатата недела загинаа двајца членови на екипажот, барајќи од Техеран да ги почитува своите меѓународни обврски. Израел го обвини Техеран дека стои зад минатонеделниот напад на танкерот управуван од израелска компанија во близина на брегот на Оман при што загинаа двајца членови на екипажот, Романец и Британец. Во инцидентот кој се случи на 27 јули беше оштетен танкерот кој пловеше под знаме на Либерија... Читать дальше...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска изјави дека правната служба на опозициската партија ќе поднесе кривични пријави до власта поради непостапување навремено спречување на пожарот во Кочани. Тој повика на одговорност и оставки. „Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони, ЕР трактори односно канабери кои што со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една ипол милијарда евра. Читать дальше...
Пожарот што попладнево избувна во граничниот појас меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеаја да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон ГП „Богородица“. Поради активноста и дејството на пожарникарите од електрична енергија беше исклучен објектот на ГП „Богородица“ и преминот времено е затворен за сообраќај... Читать дальше...
Њујорк ќе бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за активности во затворен простор, што го прави првиот голем град во САД што воведува ваква мерка. Новото барање, објавено од градоначалникот Бил де Бласио ќе влијае врз способноста на луѓето да вечераат во затворен простор во ресторан, да одат во бар, да гледаат претстава или да одат во фитенс центри. „Единствениот начин за да ги посетувате установите во затворен простор ќе биде ако сте вакцинирани. Ако сте вакцинирани ... го имате клучот, можете да ја отворите вратата. Читать дальше...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека Србија испратила четири хеликоптери за гаснење на пожарите. „Државата е со граѓаните, а со нас денеска се нашите пријатели, мојот драг колега од Република Србија, Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ, кои ни испратија и четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два хеликоптера и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата“, напиша Спасовски. Читать дальше...
Наставници од иницијативата Наставничкиот пленум најавија бојкот на наставата, ако не добијат зголемување на платите на наставниците во основно и средно образование. Наставниците велат дека се незадоволни од висината на основната плата и бараат покачување на платите во новата учебна 2021/2022 година. Тие упатиле писма до министерката за образование и наука, Мила Царовска и до синдикатите СОНК и НСОН. „На ова барање се повикуваме како резултат на растот на цените на производите кои се користат во секојдневниот живот... Читать дальше...
Градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска изјави денеска дека поголем дел од пожарот на Кокино е ставен под контрола, но има ново жариште во месноста Кокински дол. Покрај противпожарната единица од Старо Нагоричане и пожарникари од повеќе градови, на терен се и екипи од Армијата, од МВР, од ДЗСИ, шумско стопанство и доброволци. „Таму гори веќе неколку часа, но е непристапно место и не може да се дејствува со возила. Се трудиме да се направи пресек со машини и со сечење на дрвна... Читать дальше...
Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев. „За да се вклучат бугарските спасувачи и војската, владите на двете земји треба да се договорат за вклучување бугарска противпожарна опрема за да помогнат во контролата на ситуацијата во Кочани“, наведено е во соопштението. За време на разговорот, Радев го запознал Пендаровски со ситуацијата со пожарот и во Бугарија, но тој изразил подготвеност Софија да пружи помош. Читать дальше...
Народната банка ја укина одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Одлуката е укината денеска на седница на Советот на Народната банка. Одлуката за укинување ќе стапи на сила по нејзиното објавување во Службен весник. Од Народната банка информираат дека согласно со оценките на меѓународните финансиски институции и централните банки на водечките економии, во глобални рамки се подобрува економскиот амбиент со што се очекува тоа да придонесе... Читать дальше...
Властите на Литванија соопштија дека на нивните граничари им било наредено да ги вратат мигрантите кои се обидуваат илегално да влезат во земјата од соседна Белорусија. Министерството за внатрешни работи порача дека „употребата на сила зависи од околностите“. Локалните и европските службеници обвинуваат дека напливот на илегални премини од Белорусија, претежно ирачки државјани се должи на обидите на белорускиот претседател Александар Лукашенко да остане на власт и да се спротивстави на меѓународниот... Читать дальше...
Машинскиот персонал во Железници Транспорт ќе бојкотира поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава, поради што попладне по 16 часот нема да ги извршува работните задачи, изјави за МИА, Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници Транспорт. Одлуката е донесена на денешниот собир на машиновозачите и помошниците, а бојкотот значи дека нема да тргнат патничките и товарните возови по 16 часот денеска. Во возниот ред за попладне, како што информира Димовски, се предвидени... Читать дальше...
Во последните 24 часа се регистрирани 37 нови случаи на ковид-19 од направени 3.658 тестирања, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во Скопје има 15 нови случаи, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар - по 1. Регистрирани сe 23 оздравени пациенти. Не се пријавени починати лица. Една третина од возрасните вакцинирани барем со една доза против ковид Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани... Читать дальше...
Се очекува од Србија да пристигнат четири хеликоптери на скопскиот аеродром, кои ќе бидат употребени за гаснење на пожарите во попладневните часови. Исто така, потврден одговор за помош при гаснење на пожарите има и од Словенија и Грција, рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Тој додаде дека неколку силни пожари се веќе ставени под контрола, неколку се локализирани. Но, бројот на пилотите е ограничен. Ангелов рече дека вчера на располагање бил само еден хеликоптер... Читать дальше...
Според податоците од последното големо истражување за здравјето на граѓаните на ЕУ, Хрватска е најлошо рангирана земја кога станува збор за прекумерната тежина, пишува загрепскиот весник „ Јутарњи лист“. Во него се наведува дека убедливи шампиони во дебелината се мажите во Хрватска, бидејќи дури 73 проценти од нив имаат прекумерна тежина. Франција има најмал број мажи со прекумерна тежина – 53 проценти. Италија има најнизок процент на жени со прекумерна тежина во ЕУ – 37 проценти, а во Хрватска тој процент е 58. Читать дальше...
На 18 месеци условна казна со ограничување на слободата на движење е осудена Љубов Собол, соработничката на рускиот опозиционер Алексеј Навални. Денеска Судот во Москва ја прогласи за виновна за јавно повикување на кршење на санитарните и епидемиолошките безбедносни мерки. Портпаролката на Навални во јануари повикуваше луѓе да учествуваат на собирите за поддршка на Навални. Според пресудата, на Собол и е забрането да го напушта својот дом помеѓу 22,00 часот навечер и 6.00 часот наутро и не смее... Читать дальше...
Нема потреба од прогласување кризна состојба во државата поради пожарите, рече денеска на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Денеска на седница директорите на неколку институции од полето на безбедноста разговарале за состојбата и било одлучено дека нема потреба од прогласување кризна состојба, но дека институциите постојано ќе ја следат состојбата. „И доколку работата тргне на полошо набрзина ќе одржиме седница на која ќе побараме да биде прогласена кризна состојба на дел од територијата на државата... Читать дальше...
Пожарот во Кочани е ставен под контрола и избегнати се поголеми материјални штети и човечки жртви, но прашањето што се поставува е дали државата навремено и соодветно реагираше
Секое трето семејство во Либан има дете кое и понатаму чувствува последици од големата експлозија во пристаништето во Бејрут пред една година, кога загинаа повеќе од 200 луѓе, соопшти денеска Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ). „Секое трето семејство, 34 отсто, има деца кои и понатаму покажуваат значи на сред“, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ. Претседателот на Либан отфрла можност за меѓународна истрага за експлозијата Организацијата во јуни спроведе истражување меѓу 1200 семејства. Меѓу возрасните тој процент е уште повисок... Читать дальше...
АНОНИМУС ЛАКИ БЛОК VS ТРОЛЬФЕЙС ЛАКИ БЛОК КЛОУН ПРОТИВ ПРО ВЫЖИТЬ НА 1 БЛОКЕ
Читать дальше...Во следните два дена (среда и четврток) целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза. Од Министерството за здравство соопштија дека се активираат мерките за заштита на здравјето согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. Се препорачува да се ослободат од работа најранливите категории, како бремени и луѓе над 60 години. Градинките да немаат активности на отворено во период од 11 до 17 часот. Читать дальше...
Активни пожари има во кумановскиот, во струмичкиот, битолскиот, штипскиот и во скопскиот регион, објавија од Центарот за управување со кризи. Во гаснење на пожарите активно интервенираат пожарникарите, а во одредени делови во гаснење на пожарот вклучени се и припадниците на Армијата. Според состојбата со активни пожари до денеска до 9:30 часот, активен се уште е пожарот во Старо Нагоричане. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Пожарот го гаснат пожарникари од Старо Нагоричане... Читать дальше...
Белоруски активист, кој беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Киев, соопшти денеска украинската полиција. До ова дојде ден откако ЕУ и САД остро го критикуваа обидот на Минск да ја принуди белоруската спринтерка Кристина Циманускаја да се врати од Олимпијадата.
Авионите не се сервисирани од лани, а денеска се повикани операторите и до крајот на неделава ќе има активен договор, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути и негира дека сервисот се прави по вчерашниот пожар во Кочани.
Стапи на сила Законот за стечајци. Со законот материјално се обезбедуваа невработените лица кои останале без работи поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Стечајците кои ги исполнуваат условите треба во рок од 30 дена да се пријават во подрачните единици на Агенцијата за вработување. Собранието минатата недела го усвои законот со кој околу 1100 стечајци ќе добиваат паричен надоместок од 9.242 денари до денот на пензионирањето или 34 отсто од просечно исплатената... Читать дальше...
Партиите кандидираат познати лекари за градоначалници, затоа што тие имаат углед и авторитет во локалните средини и секојдневна комуникација со многу граѓани.