Без актуализираниот буџет во следните месеци ќе биде многу тешко и за претстојната здравствена криза и за преземање на мерките на државата неопходни за бизнисот и за социјалниот систем, изјави денеска привремениот бугарски премиер Стефан Јанев на редовниот состанок на Владата.
Тој коментирајќи ја сложената ситуација во земјата изрази загриженост дека оваа ситуација може да има негативно влијание врз стабилноста во Бугарија.
„Сето ова води кон нестабилност и непредвидливост во политичкото опкружување“, коментираше Стефан Јанев.
Политичкиот заплет во Софија, не е охрабрувачки за Скопје
Седница на бугарскиот парламент неизвесност околу гласањето за нова влада
Јанев ги повика пратениците да одвојат време да расправаат за потребата од донесување на буџетот.