Хеликоптерот Ми-8 кој превезувал 16 туристи кон Камчатка се урна во вулканско Курилско езеро при што најмалку осуммина загинаа и двајца се тешко повредени, соопштија локалните власти. Гувернерот Владимир Солодов изјави дека вработените во природниот резерват на Камчатка пронашле дел од луѓето по несреќата и дека двајца од преживеаните се хоспитализирани на интензивна нега со тешки повреди.
Десетици спасувачки екипи со чамци и нуркачи ги бараа преостанатите осум лица кои биле во хеликоптерот, вклучувајќи едно дете и член на екипажот.
Гувернерот Солодов изјави дека се верува оти потонатиот хеликоптер се наоѓа на 130 метри длабочина во езерото.
„Воените службеници потврдија дека испратиле специјализирани роботски уреди за да помогнат во пронаоѓањето на леталото и исчезнатите“, изјави гувернерот.
Со хеликоптерот, произведен во 1984 година, управувал локален приватен авиопревозник „Витјаз-Аеро“, кој е во ко-сопственост на Игор Редкин, милионер бизнисмен и пратеник.
Претходно Редкин бил во домашен притвор два месеци, откако застрелал маж на ѓубриште во село во Камчатка, затоа што, како што изјавил, мислел дека е кафеава мечка.
Сите 18 патници во рускиот авион кој принудно слета во Сибир преживеале
Русија:Авионот со 28 патници се урнал во море кај Камчатка
Полуостровот Камчатка се наоѓа на повеќе од 6 илјади километри источно од Москва и е популарен меѓу туристите по својата глетка и природа. Падот на хеликоптерот се случува по нешто повеќе од еден месец откако рускиот авион се урна на полуостровот Камчатка, при што загинаа 28 лица во него. Властите соопштија дека причина за таа несреќа е грешка на пилотот.