Американските воздушни сили соопштија дека успешно лансирале од далечина, со команда од авион, балистичка интерконтинентална ракета „Минитман три“, способна да носи три нуклеарни боеви глави. Ракетата била лансирана од Воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија и по лет од 6.760 километри над Пацификот паднала крај брегот на Маршалските острови. Акцијата билакомандувана од „Боинг Е-6“ - адаптирана верзија на „Боинг 707“. САД и Русија во нова трка во вооружување „Минитман три“ е единствениот... Читать дальше...
Иако е тешко да се носи маска во услови кога температурите се високи и до 40 степени, од синдикатите апелираат работниците да ги почитуваат мерките за да се заштитат од евентуална зараза. Контролите на терен покажале дека не секој од работодавачите обезбедил соодветни услови за работа и заштита од вирусот.
Од двете разорни експлозии што вчера го потресоа централниот дел на либанскиот главен град Бејрут, загинаа најмалку 100 луѓе, а илјадници се повредени, изјави денеска шефот на либанскиот Црвен крст Џорџ Кетанех. Со преполни болници полни и со луѓе кои сè уште се затрупани под урнатините бројот на загинатите се очекува да порасне. Либанскиот министер за здравство Хамад Хасан, претходно изјави дека бројот на загинатите е 73 лица, со повеќе од 4.000 повредени. Ден на жалост во Либан по вчерашните... Читать дальше...
Бугарските фудбалски навивачи ќе можат да ги гледаат натпреварите на стадионите кога ќе почне новата сезона в петок, соопшти Министерството за здравство. Според препораката донесена по разговорите меѓу премиерот Бојко Борисов, министерот за спорт Красен Кралев и министерот за здравство Костадин Ангелов, на навивачите ќе им биде дозволено на стадионите доколку заземат не повеќе од 50% од нивниот капацитет. Исто така е неопходен лимит од 1.000 навивачи по сектор на стадионот, бидејќи мора да се одржи и физичко растојание од 1,5 метри. Читать дальше...
Германските власти делумно го укинаа предупредувањето да не се патува во Турција. Ова со недели го бараа властите во Турција, чиј туризам зависи од гостите од Германија. Германското Министерство за надворешни работи објави дека го откажува официјалното предупредување за туристички патувања до турските провинции Анталија, Измир, Ајдин и Муглу, на западниот егејски брег на таа земја, кои се омилени летувалишта на Германците. Светскиот туризам поради пандемијата со загуба од 320 милијарди долари само... Читать дальше...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека појавата на коронавирус е под контрола во Соединетите држави, каде што најмалку 155.000 луѓе починаа и каде што бројот на заразени расте. Во интервју за веб-страницата „Аксиос“ Трамп оцени: „Тие умираат, тоа е точно. Тоа е така. Но, тоа не значи дека не правиме сè што можеме. Под контрола е колку што можете да го контролирате. Ова е ужасна чума“. САД со помош од 10 милиони долари за регионот за борба со ковид-19 Случаите со коронавирус продолжуваат... Читать дальше...
Денеска еден на национална жалост во Либан за жртвите од големи експлозии што вчера разорија поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина. Според последните информации, притоа загинале над 70 луѓе, додека околу 4.000 биле повредени. Либанскиот премиер Хасан Диаб изјави дека експлодирал складиран 2.750 тони амониум нитрат „Неприфатливо е товарот на амониум нитрат, проценет на 2.750 тони, да се чува складиран шест години, без никаков надзор“, рече тој, додавајќи... Читать дальше...
Ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2) и изолирана појава на град. Дневната температура ќе биде од 20 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 28 степени.