Ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2) и изолирана појава на град. Дневната температура ќе биде од 20 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 28 степени.