Бугарските фудбалски навивачи ќе можат да ги гледаат натпреварите на стадионите кога ќе почне новата сезона в петок, соопшти Министерството за здравство. Според препораката донесена по разговорите меѓу премиерот Бојко Борисов, министерот за спорт Красен Кралев и министерот за здравство Костадин Ангелов, на навивачите ќе им биде дозволено на стадионите доколку заземат не повеќе од 50% од нивниот капацитет. Исто така е неопходен лимит од 1.000 навивачи по сектор на стадионот, бидејќи мора да се одржи и физичко растојание од 1,5 метри.
Со шатори во центарот на Софија против Борисов
Спортските настани во сала остануваат затворени за гледачите. Претходната одлука на владата да дозволи фудбалската лига да започне без гледачи предизвика широки критики и неколку навивачки клубови испратија писма до властите, велејќи дека натпреварите би можеле да се организираат и со мал број публика на трибините. До вчера Бугарија има повеќе од 12.000 потврдени нови случаи на коронавирус, вклучувајќи и над 400 смртни случаи, што е релативно мал број во Европа.