НАТО внимателно ги следи настаните во Белорусија и е подготвен да ги заштити своите сојузници, изјави денеска Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека НАТО не претставува закана за Белорусија и не распоредува трупи во регионот. „Остануваме внимателни, строго дефанзивни и подготвени да возвратиме на секоја агресија против НАТО сојузниците“, истакна Столтенберг. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп исто така изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во Белорусија... Читать дальше...
Во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи на Ковид-19, најмногу има во Куманово-26, во Гостивар-15, во Скопје-13, Прилеп и Демир Хисар по 7, Кавадарци-6, во Штип и во Виница по 5, Тетово-3, Свети Николе-3, Охрид-2, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Кичево-2, Делчево-2, Струмица-1, Берово-1, Неготино-1. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 187 оздравени пациенти од: Скопје-60, Штип-17... Читать дальше...
По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање стечајна постапка над „Еуростандард банка“ АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народна банка штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности што во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност, соопштија од Народна банка. Оттаму посочуваат дека е заштитен имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување... Читать дальше...
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека би можеле да се одржат нови претседателски избори ако земјата усвои нов устав. „Треба да донесеме нов Устав. Мора да го донесете на референдум, а според новиот Устав, би можеле да одржите ако сакате и парламентарни избори и претседателски, како и избори на локалните власти“, рече Лукашенко во коментари, од кои некои беа емитувани од телевизискиот канал Белорусија 24. Лукашенко, кој се соочува со најголемите протести во неговите 26 години... Читать дальше...
Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата. Ова на својот Фејсбук профил го објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Како што јавуваат некои медиуми, Смаиловиќ е разрешен наводно поради тоа што полицијата кај него нашла кокаин. Во полицискиот билтен вчера беше објавено дека на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Читать дальше...
Министерството за здравство соопшти дека согласно епидемиолошката состојба со Ковид-19 во државата, веќе може да се закажуваат прегледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и интервенции во септември. Согласно изготвениот план за работа, а во соработка со Управата за електронско здравство, ќе бидат повикувани пациентите чии прегледи беа откажани изминатиот период. Исто така, сите елективни хируршки програми, кои беа... Читать дальше...
Антикорупциската комисија потврди дека отворила предмет за случајот со министерката за финансии Нина Ангеловска за да испита дали има судир на интереси во врска со нејзиното повлекување на парите кои ги имала во „Еуростандард банка“, пред таа да биде ставена во стечај. Од ДКСК за МИА изјавиле дека предметот е отворен на нивна иницијатива за да се расчисти целиот овој случај кој предизвика реакции во јавноста. Антикорупциска е во фаза на собирање податоци за предметот од Народна банка и од Министерството... Читать дальше...
Под мотото „Слеј се со тишината“, во паркот кај МКЦ и во летното кино на Кинотека на РСМ во Скопје, од 19 до 26 август, ќе се одржи 11-то и прво хибридно издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.
НСДП предлага Комисијата за заразни болести и Владата да ја разгледаат и можноста оваа учебна година во целост да не почне, односно учениците да останат дома цела година. Партијата како аргументи го наведува тоа што физичкото присуство на учениците во училиштата, макар тоа да биде и во ограничена форма преку одење на училиште на одредени одделенија, комбинирано со спроведување онлајн настава, може да го зголеми бројот на заразаени со коронавирус. Димовски - Со ваквото темпо на МОН учебната... Читать дальше...
СДСМ и ДУИ денеска соопштија дека во разговорите одржани на ниво на партиски секретари меѓу Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ постигнат е сериозен напредок и информираат дека утре ќе има средба меѓу двајцата лидери, Зоран Заев и Али Ахмети.
ДУИ денеска соопшти дека во разговорите одржани на ниво на партиски секретари меѓу Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ постигнат е сериозен напредок и информираат дека утре ќе има средба меѓу двајцата лидери, Зоран Заев и Али Ахмети. „Со оглед на итноста и потребата да се дејствува брзо на клучните институции во земјава со цел решавање на здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, утре ќе се одржи клучна средба меѓу претседателите Али Ахмети и Зоран Заев каде се очекува да биде постигнат конечен договор за нова... Читать дальше...
Стечајната постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје ќе ја води стечајниот управник Душко Тодевски од Скопје, а првото рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања е закажано за 8 октомври годинава, информираше денеска Основниот граѓански суд Скопје. „Поради поголемата заинтересирност на медиумите во врска со предметот СТ – 123/20, Ве известуваме дека со Решение СТ – 123/20 од 14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот... Читать дальше...
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска изјави дека нема да има нови претседателски избори во таа држава, јави Ројтерс. „Вие нема да доживеете да го видите денот кога ќе направам нешто под притисок. Нема да има повторно избори, бидејќи во тој случај, нема да има фабрики, нема плантажи. Се ќе биде уништено за половина година“, рече Лукашенко, за време на денешната посета на фабрика за земјоделски машни во Минск. Русија подготвена да му помогне на Лукашенко Во меѓувреме, продолжуваат протестите во Белорусија... Читать дальше...
Кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден и неговиот придружник Камала Харис, ќе ги прифатат номинациите на нивната партија на конвенцијата од 17-20 август што ќе се одржи онјалн поради пандемијата на коронавирус.
Кривичниот суд го одложи денешното рочиште за случајот „Насилство во општина Центар“ по барање на новиот адвокат на обвинетиот, Александар Трајковски, да се запознае со предметот. Рочиштето е презакажано за 17 септември. Денеска Судскиот совет го одби барањето на обвинетиот Миле Јанакиевски, како сведок уште еднаш да биде сослушан поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер. Во предметот „Насилство во Центар“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски... Читать дальше...
Нов Зеланд одлучи да ги одложи парламентарните избори за еден месец откако во земјата се појавија нови случаи на коронавирус, објави во денеска новозеландската премиерка Џасинда Ардерн. Изборите беа закажани за 19 септември, а со оваа одлука се одложени за на 17 октомври, јави Ројтерс. „Оваа одлука на сите партии им дава време да водат кампања во текот на следните девет недели и на изборната комисија ѝ дава доволно време да се осигура дека изборите можат да се одржат“, рече премиерката на прес-конференција. Читать дальше...
„Жално е што децата ги оставија неписмени“ - ова е само еден од вашите коментари на нашите социјални мрежи по информациите дека за поголемиот број ученици новата школска година ќе се одвива со онлајн настава
Во Брисел денеска почнува седмиот круг разговори меѓу Европската унија и Велика Британија за нивните идни односи и ќе траат до 21 август, до кога мора да се решат преостанатите нерешени прашања што ги спречуваат страните да постигнат конечен договор. Барние: Британија ги отфрла сите нови одложувања на Брегзит Велика Британија се повлече од блокот на 31 јануари, завршувајќи го процесот по референдумот за брегзит во јуни 2016 година. До 31 декември, кога е крај на периодот на транзиција државата... Читать дальше...
Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени во напад на екстремисти на „Ел Шабаб“ врз хотел во Могадишу, Сомалија, јави Ројтерс, додека Си-Ен-Ен јавува за 10 загинати. Престрелката меѓу напаѓачите и полицијата траеше четири часа. „Сомалиските специјални сили ја завршија четиричасовната опсада во хотел во Могадишу, откако ги убија сите напаѓачи“, напиша владиниот портпарол на „Твитер“. Меѓу жртвите се напаѓачите, двајца владини службеници, еден војник, тројца членови на хотелското обезбедување, четворица цивили. Читать дальше...
Министерството за образование и наука информира дека рокот за електронското аплицирање и поднесување документи за сместување во студентски дом во академската 2020/2021 за студентите од втора и повисоките години на студии е продолжен за седум дена и наместо денеска ќе заврши на 25 август, согласно со измените на Конкурсот. Конечните списоци со примени кандидати ќе бидат објавени на 7 септември 2020 на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на МОН. Во 12 сместувачки објекти слободни се вкупно 5419 места. Читать дальше...
МВР денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 385 прекршоци. Едукација и пандемија - кој модел е најдобар Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.
Една од најпознатите германски прехранбени компании Кнор објави дека ќе го промени името на својот популарен сос заради расна конотација. Кнор ќе го смени името на неговиот сос „Цигојнерсос“ (Цигански сос) во “Сос од пиперка на унгарски начин”, објави германскиот весник „Билд ам Зонтаг“. „Бидејќи името„ цигански сос “може да се толкува негативно, решивме да му дадеме на нашиот сор ново име”, соопштија од групата Унилевер, која е сопственик на Кнор. Популарниот сос, кој редовно се гледа во германските домаќинства... Читать дальше...
МОН имаше време имаше, но веќе нема. Министерството како по обичај доцни, многу доцни со протоколите и одлуките, па затоа и такво ни е образованието, вели во разговор за РСЕ, Владо Димовски, од Центар за толеранција и доживотно учење.
Белоруската опозициска политичарка Свјатлана Циханускаја изјави дека е подготвена да ја води земјата и повика на создавање правна рамка за да се обезбедат нови фер избори. „Подготвена сум да ја преземам одговорноста и да дејствувам како национален лидер со цел земјата да се смири и да влезе во нормален ритам“, рече Циханускаја во видео обраќањето објавено на Јутјуб на 16 август. Марш за слобода во Белорусија Таа исто така рече дека досегашното однесување на припадниците на спроведувањето на законот... Читать дальше...
Италија објави дека ги затвора дискотеките и воведува задолжително носење маски навечер на јавни места за повторно да го стопира ширењето на коронавирусот. Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца потпиша указ што влегува во сила денеска, според кој задолжителното носење маски се воведува од 18:00 до 6:00 часот на јавни места. Задолжително тестирање за ковид-19 при влез во Италија од Хрватска, Грција, Малта и Шпанија Владата стравува дека ноќниот живот, кој во овој момент е во замав... Читать дальше...