Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени во напад на екстремисти на „Ел Шабаб“ врз хотел во Могадишу, Сомалија, јави Ројтерс, додека Си-Ен-Ен јавува за 10 загинати. Престрелката меѓу напаѓачите и полицијата траеше четири часа.
„Сомалиските специјални сили ја завршија четиричасовната опсада во хотел во Могадишу, откако ги убија сите напаѓачи“, напиша владиниот портпарол на „Твитер“.
Меѓу жртвите се напаѓачите, двајца владини службеници, еден војник, тројца членови на хотелското обезбедување, четворица цивили. Десетици луѓе се повредени, според извори од болницата.