Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени и на починати од ковид-19. „Продолжува неповолната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во нашата земја, како во однос на новозаразени така и на починати. Во изминатите 24 часа регистрирани се 154 новозаразени лица, што е константна просечна бројка на новозаразени дневно во овој месец. И понатаму жаришта на болеста се Тирана и Драч, од каде се 94 односно 11 новозаразени, додека останатите се од речиси сите делови на државата“, информира Еугена Томини од Институтот за јавно здравје. Читать дальше...
Со фрегата, подморница и шест Ф-16 од грчка страна, уништувач од американска морнарица и хеликоптери на воената морнарица на двете земји се одржа заедничка аеронаутичка вежба на Грција и САД во морскиот дел јужно од островот Крит. Како што соопштија од Генералштабот на грчката армија, вежбата е во рамките на стратешката соработка меѓу двете земји. „Активноста ги демонстрира во пракса долгогодишните силни врски меѓу двете земји кои континуирано се зајакнуваат и дополнително придонесе во зголемувањето на нивото на оперативната подготвеност... Читать дальше...
Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко е позитивна на коронавирус и се наоѓа во критична состојба. Тимошенко е префрлена на интензивна нега, соопшти нејзината портпаролка Марина Сорока. „За жал сè уште немаме добри вести. Состојбата на Тимошенко и натаму е тешка. Од синоќа прима терапија според протоколот за ковид-19 и се наоѓа на интензивна нега“, напиша Сорока на својот профил на Фејсбук. Пред два дена беше потврдено дека Тимошенко е позитивна на ковид-19 и дека е пренесена во болница, оти имала треска. Читать дальше...
Нивото на водата во Преспанското Езеро е драстично намалена во изминатите две децении, а особено е изразено лани и годинава. И покрај тоа, Преспа е преполна со туристи.
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на денешната трибина за судбината на Универзалната сала предложи реставрација на постојниот објект на Универзална сала и изградба на нова поголема сала за која веќе одлучил локацијата да биде кај сегашните оранжерии на „Паркови и зеленило“. Тој најави дека откако ќе заврши конкурсот со кој се предвидува изградба на летна сцена на сегашното место на Универзална сала, ќе биде распишан нов конкурс и за реставрација на Универзална сала па ќе се носат конечни одлуки. Читать дальше...
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи, локално и во форма на невреме попладневно зафати повеќе места во земјава. Нестабилно време со локален дожд и грмежи го зафати гевгелиско – дојранскиот регион, како и скопската котлина, каде што локално имаше и краткотрајно невреме со пообилен дожд и појава на град. Во Гевгелија според мерењата на УХМР наврнати се 30 литри на метар квадратен, 16 Демир Капија, 14 Тетово, 12 Берово и девет литри во Струмица. До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Читать дальше...
Со реномираниот македонски пијанист и уметник Дино Имери, во пресрет на премиерниот концерт со авторска музика и од хуманитарен карактер „Рефлексии“ што ќе се одржи оваа среда, за трансформациите и творештвото, за слободата, за тоа да се биде свој денес и овде и за натамошните планови.
Бурата Лаура денеска прерасна во ураган во Мексиканскиот Залив со ветрови кои достигнуваат до 120 километри на час и станува закана за брегот на САД, објави Националниот центар за урагани. Лаура, според очекувањата, уште ќе се засилува додека утре ќе се приближи до југозападниот брег на американските сојузни држави Луизијана и Тексас, наведуваат метеоролозите. Бурата Исајас на источниот брег на САД, четворица мртви Невремето би можело да покрене плимски бран повисок од три метри и да поплави цели градови. Читать дальше...
Шпанскиот премиер Педро Санчес денеска објави дека ќе ја стави војската на располагање да им помогне на регионите во борбата против експлозијата на новите случаи на коронавирус. „Шпанската влада ќе им ги стави на располагање на регионите припадниците на вооружените сили да работат на трасирање на случаите“, рече Санчес во телевизиско обраќање. Земјите воведуваат нови рестрикции за патувањата поради коронавирусот Тој рече дека би можеле да бидат распоредени 2000 војници. Санчес посочи дека... Читать дальше...
Претседателот Стево Пендаровски, согласно со Уставот, денеска ги испрати петте одлуки со коишто беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на коронавирусот за потврдување од страна на Собранието. Одлуките, како што е наведено во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, беа донесени во периодот од март до јуни оваа година на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да одржи седница на која самото би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба во услови на пандемија.
Адвокатот на поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, денеска пред Хашкиот суд рече дека неговиот клиент е ментално неспособен да учествува во жалбената постапка за неговата доживотна казна затвор за геноцид. Младиќ ја обжали пресудата од 2017 година кога беше осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства во војната во поранешна Југославија, вклучително и за геноцидот во Сребреница во 1995 година, кога беше убиени околу 8000 муслимански мажи и момчиња. Читать дальше...
Постои правна празнина во случаите кога една личност истовремено извршува функција на министер и пратеник, но важно е дека постои почитување на Уставот, вели поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Новаковски.
Палење на шума, па тепачка меѓу млади го вознемирија општеството откако беа објавени на социјалната мрежа ТикТок. Според Бојан Кордалов, специлалист за односи со јавноста и нови медиуми, најважно е што институциите реагираат брзо за да спречат идни такви однесувања.
Со стотици илјадници демонстранти што ги поплавија улиците на Минск и со белорускиот претседател Александар Лукашенко кој ја стави војската на готовс Белорусија се повеќе влегува во ќор сокак. Предизвикан од масовните демонстрации Лукашенко отиде да бара поддршка од Кремљ.
Над 10 илјади луѓе оздравени од коронавирусот наспроти речиси 4 илјади активни случаи е македонскиот биланс од пандемијата која веќе половина година го излудува светот. Но, за оние кои биле со потешка клиничка слика, по оздравувањето ковид-19 остава сериозни последици.