Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко е позитивна на коронавирус и се наоѓа во критична состојба. Тимошенко е префрлена на интензивна нега, соопшти нејзината портпаролка Марина Сорока.
„За жал сè уште немаме добри вести. Состојбата на Тимошенко и натаму е тешка. Од синоќа прима терапија според протоколот за ковид-19 и се наоѓа на интензивна нега“, напиша Сорока на својот профил на Фејсбук.
Пред два дена беше потврдено дека Тимошенко е позитивна на ковид-19 и дека е пренесена во болница, оти имала треска.
Тимошенко е првата украинска политичарка заразена со ковид-19.
Таа двапати беше премиерка на Украина, од 2005 до 2010.