Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на денешната трибина за судбината на Универзалната сала предложи реставрација на постојниот објект на Универзална сала и изградба на нова поголема сала за која веќе одлучил локацијата да биде кај сегашните оранжерии на „Паркови и зеленило“. Тој најави дека откако ќе заврши конкурсот со кој се предвидува изградба на летна сцена на сегашното место на Универзална сала, ќе биде распишан нов конкурс и за реставрација на Универзална сала па ќе се носат конечни одлуки.
Универзална сала – Никој не стигнал подалеку од проект
На трибината присуствуваа архитекти, уметници, културни работници чиј заклучок воглавно бил дека што побрзо треба да се изгради нова мултимедијална сала.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје пак обвини дека Петре Шилегов денес организираше фингирана јавна расправа поврзана со Универзална сала. Поголемиот дел од учесниците, според нив, биле луѓе блиски до власта или луѓе кои имаат придобивки од самата власт.