Денеска еден на национална жалост во Либан за жртвите од големи експлозии што вчера разорија поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина. Според последните информации, притоа загинале над 70 луѓе, додека околу 4.000 биле повредени. Либанскиот премиер Хасан Диаб изјави дека експлодирал складиран 2.750 тони амониум нитрат „Неприфатливо е товарот на амониум нитрат, проценет на 2.750 тони, да се чува складиран шест години, без никаков надзор“, рече тој, додавајќи: „Ви ветувам дека оваа катастрофа нема да помине без одговорност. Одговорните ќе ја платат цената“, рече тој во телевизиското обраќање.
Над 50 луѓе загинаа од силната експлозија во Бејрут
Експлозијата беше шокантна дури и за тој град кој беше сцена на долгогодишно бомбардирање за време на граѓанската војна, самоубиствени бомбашки напади и израелски бомбардирања. Очевидци изјавиле дека тоа било како нуклеарна експлозија, објави Асошиетед Прес.