Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, го отфрли предлогот за враќање на Русија во Групата седум најразвиени земји во светот (Г7), што го даде американскиот претседател Доналд Трамп. „Причината за протерување на Русија беше нејзиното анектирање на Крим и интервенцијата во источна Украина“, рече Мас во денешното интервју за два германски весника, Рајнише Пост и Бонер Генерал - Анцајгер. „Сè додека немаме решение таму, јас не гледам никаква шанса“ Русија да се врати во Г7”, рече Маас. Читать дальше...
Денешниот марш на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија овие партии, е знак на револт за потиснување на правото на слободното гласање. Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред Влада и е планирано да заврши пред канцелариите на Делегацијата на Европската Унија. ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеник “Токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе... Читать дальше...
Неколку земји во Европа повторно се соочуваат со зголемен број на инфекции со коронавирус неколку недели по укинувањето на ограничувањата и дозволување на патувања. Во меѓувреме, број на потврдени случаи во светот надмина 16 милиони со скоро 645.000 смртни случаи. Пикот на нови случаи предизвикува загриженост дека кревкиот напредок во спречувањето на ширењето на вирусот би можел брзо биде прекинат. Шпанија се бори да го задржи порастот на нови инфекции и презема нови мерки за да се запре ширењето... Читать дальше...
Прекин на огнот меѓу украинските сили и сепаратистите поддржани од Русија, почна на полноќ. Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин телефонски разговараа за конфликтот во источна Украина и изразија поддршка за примирјето. Кабинетот на Зеленски соопшти дека украинскиот претседател му кажал на Путин дека се потребни понатамошни чекори за ослободување на украинските граѓани во источна Украина, Крим и Русија. Постигнат договор за прекин на огнот во... Читать дальше...
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му честиташе на лидерот на СДСМ Зоран Заев за победата на неговата партија на предвремените парламентарни избори. Според СДСМ, во телефонскиот разговор, Столтенберг изразил задоволство што „реизбраното политичко раководство во Северна Македонија ја воведе земјата во НАТО како 30-та членка со своите храбри и правилни политики“. „Ова ја потврдува решеноста на Република Северна Македонија, како членка на Алијансата, да продолжи со реформскиот пат што значи напредок... Читать дальше...
Ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од 27 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 32 степена.