Највисокиот суд во Турција треба да разгледа дали Аja Софија во Истанбул може да се претвори во џамија. Одлуката може да биде донесена денеска или во рок од 15 дена, јави државната новинска агенција „Анадолу“. Изградена меѓу 532-537 година по наредба на византискиот император Јустинијан Први, Аја Софија скоро еден милениум била најголемата црква во христијанскиот свет. По османлиското освојување на Константинопол во 1453 година од страна на султанот Мехмет Втори, таа била претворена во џамија, а во структурата биле додадени четири минариња. Читать дальше...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека контролата на владата врз социјалните медиуми ќе биде зголемена по наводните навреди упатени кон неговата ќерка и зет кои на Твитер го најавија раѓањето на четвртото дете. Во телевизиското обраќање, Ердоган рече дека неговата влада е решена да воведе закони што ќе ги принуди компаниите на социјалните медиуми да воспостават легално присуство во Турција. Фолксваген се откажа од нова фабрика во Турција поради коронавирусот Тоа значи дека би морале... Читать дальше...
Претседателот на САД Доналд Трамп, кој избегнува да се во јавноста да носи заштитна маска на лице, изјави дека ќе ја носи доколку е на затворено и со други луѓе во обид да го спречи ширењето на коронавирусот. „Секако дека сум за маски“, изјави Трамп на телевизијата „Фокс“, додавајќи:„Ако би бил во таква ситуација, апсолутно би носел маска”. Карантин за политизацијата на ковид-19 Сепак, Трамп рече дека не смета дека носењето маски треба да се направи задолжително на национално ниво затоа што, како што додаде... Читать дальше...
Германската канцеларка Ангела Меркел и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе се сретнат во Берлин за да го одбележат германското преземање на ротирачкото претседателство на ЕУ што ќе трае до крајот на годинава. Германија го презеде раководството на Советот на ЕУ од Хрватска. Меркел и нејзиниот кабинет истакнаа дека сакаат да напредуваат во клучните претходно поставени цели, како што се заштитата на климата, дигитализацијата и одредувањето на европскиот буџет. „Неволната“... Читать дальше...
На националниот, необврзувачки референдум во Русија за уставните измени, кои, меѓу другото, би му го отвориле патот на претседателот Владимир Путин да побара уште два мандата и да остане на власт до 2036 година, според првичните резултати објавени од Централната изборна комисија, бил одобрен од страна на големо мнозинство на оние кои гласаа. Со пребројани 98 проценти од гласачките ливчиња, скоро 78 проценти гласале за измените, додека околу 21 насто гласале против. Русија објавува прелиминарни резултати од референдумот... Читать дальше...
Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде од 26 до 37 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 35 степени.