Стравот од напади и закани им ја отежнува и без тоа веќе тешката работа на лекарите и медицинските сестри кои веќе 4 месеци се на првата борбена линија во битката против пандемијата со ковид-19.
Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, во кој обвинети се Бојан Јовановски - Боки 13 и пратеничката Фросина Ременски. Првообвинет во случајот е Боки 13, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, потоа Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Ременски. Според Обвинителството, тие се обвинети дека „ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на домови за стари лица, за што дале над еден милион евра“. Читать дальше...
Од денеска, па во наредните шест месеци Германија го презема претседавањето со ЕУ. По 13-ти пат, таа застанува на чело на Унијата во период на големи предизвици за сите земји-членки. Нејзин приоритет ќе биде борбата против пандемијатa со КОВИД19, но и економското и социјално закрепнување на Европа, пишува Рикард Јозвијак.
Пругата кон Бугарија е повторно дел од партиски програми со кои политичарите се обидуваат да дојдат на власт и да ја водат земјава до 2024 година. Овој проект е константа на секои изборен циклус и прво почна да се ветува во 1993 година.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговорите со Соединетите држави за планот за анексија на окупираниот Западен Брег ќе продолжат „во наредните денови“, потег кој назначува дека ќе го пропушти 1 јули, датумот кој Нетанјаху го објави за почеток на контроверзниот план. Двете страни разговараат веќе неколку месеци за финализирање на мапите на подрачјето на Западниот Брег што ќе бидат анектирани од Израел. Нетанјаху сака мировни преговори со Палестинците Нетанјаху сакаше да... Читать дальше...
Претседателите на Русија, Иран и Турција Владимир Путин, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган на денешната видео конференција ќе разговараат за конфликтот во Сирија, соопшти Кремљ. Во деветгодишната војна во Сирија, Русија и Иран се главните странски поддржувачи на силите на претседателот Башар ал Асад, додека Турција ги поддржува борците на опозицијата. Во рамките на дипломатскиот процес кој датира од 2017 година, тие се согласија да работат на деескалирање на борбите. Состанок на ОН и ЕУ за... Читать дальше...
Приведувањето на словенечкиот министер за економија и вицепремиер Здравко Покавалец, првиот коалициски партнер на премиерот Јанез Јанша, ја тресе словенечката политичка сцена, при што опозицијата бара предвремени избори или гласање доверба на владата. „Наместо владата да се занимава со проблемите на луѓето, сите ние треба да се справиме со криминални работи што ги достигнуваат нејзините врвови“, се вели во соопштението на новиот претседател на словенечките социјалдемократи Тања Фајон, додавајќи дека... Читать дальше...
Гласањето на референдумот за измените на Уставот на Русија што потенцијално би можеле да му дозволат на претседателот Владимир Путин да остане на власт уште 12 години завршува денеска. Околу 110,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на референдумот. Уставни реформи предизвикаа остри критики од опозицијата и групите за човекови права кои ги сметаат за обид за грабнувања на моќта од страна на претседателот Владимир Путин. 67-годишниот руски лидер веќе две децении е на власт како претседател или премиер. Читать дальше...
“Соединетите држави очигледно не го контролираат ширењето на коронавирусот”, предупреди д-р Ентони Фаучи, раководител на Националниот институт за алергија и заразни болести во Сенатот оценувајќи дека тој е „многу загрижен затоа што може да биде многу лошо“. Фаучи, кој исто така е член на група на Белата куќа за коронавирусот, додаде дека „не би се изненадил“ ако во земјата бројот на нови случаи достигне 100.000 дневно. Карантин за политизацијата на ковид-19 Претседателот на Федералните резерви... Читать дальше...
Термоелектраните на јаглен на Западен Балкан продолжуваат да емитуваат „неверојатно високи количини на загадувачи во воздухот.“ РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи, но граѓанските организации се сомневаат дека комбинатот ќе ги намали емисиите до 2027 година.
Германија денеска го презема ротирачкото шестмесечно претседателство со ЕУ по 13-ти пат, а за време на мандатот нејзин приоритет ќе биде борбата против пандемијата на коронавирусот, како и економското и социјалното закрепнување на Европа. Германија го презема раководството на Советот на ЕУ од Хрватска, чиј мандат беше, исто така, во голема мерка обележан со пандемијата. Канцеларката Ангела Меркел и нејзиниот кабинет истакнаа дека сакаат да напредуваат во клучните претходно поставени цели, како што се заштитата на климата... Читать дальше...
Скопскиот и охридскиот аеродром и официјално отворени по пауза од речиси триипол месеци. Патувањата ќе се одвиваат по нови правила. Патниците ќе треба да бидат 3 часа пред нивниот лет на аеродром, а маските се задолжителни. Секој патник ќе подлежи на мерење на телесна температура преку термална камера, а во чекалницата на аеродромот нема да е дозволено седење еден до друг за да се избегне ширењето на вирусот. Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани Сомнителните патници... Читать дальше...
Ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 28 до 38 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 36 степени.