Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, МВР евидентирало 49 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Денеска се решава за викенд- полицискиот час Изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани... Читать дальше...
Ако лидерите на 12 мај, на средбата кај претседателот договорат термин за избори многу работи ќе останат нејасни- како ќе се гласа со маски, како ќе се држи физичка дистанца, а отворено е и прашањето дали граѓаните ќе се уверат во тоа дека се безбедни.
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји ветува дека ќе ја подготви преговарачката рамка за Северна Македонија до Јуни додека меѓувладината конференција и отворањето на поглавјата за преговори се други прашања кое потоа ќе се договараат. Со Вархеи разговара Рикард Јозвиак
Со идеја да биде уметнички одговор на кризата и обид да се истражува изведбеноста во нестандардни облици, во Театарот „Јодан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, оваа сабота, на 9 мај, ќе започне пионерскиот интернет проект во 12 епизоди што ќе се емитуваат седмично - „Тој и Таа“.
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет“ во кој исказ треба да даде обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева. На вчерашното рочиште за предметот исказ даваше обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки 13 и Катица Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во предметот „Империја“. Читать дальше...
Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ синоќа поднесе оставка, откако воен авион попладнето се урна во близина на Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство. „Поднесувам оставка на местото вицепремиер и министер за одбрана“, рече Крстичевиќ на вонредна прес-конференција, додавајќи дека ќе почне истрага за несреќата. Хрватското Министерство за одбрана претходно ја потврди несреќата и соопшти дека станувало збор за редовен лет за обука.
Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа информира дека добил покана за учество на лидерската средба закажана за 12 мај од кабинетот на претседателот на државата и оти по завршувањето на вонредната состојба, ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите. „Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решение на претседател на Собранието, а во случајов и според уредбата е должна да постапи по роковите каде што застанала. Евентуално во однос на она што Избирачкиот список бил ажуриран до 12 април... Читать дальше...
Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за тоа колку ќе трае полицискиот час претстојниот викенд, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека ќе се разгледуваат и можностите за олабавување на мерките кои би важеле од следната недела и според препораките на стручните лица, кој ќе биде редоследот за враќање на процесите и нормализирање на состојбата, вклучително и дали ќе има услови за одржување избори. Министерот Филипче соопшти дека... Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура е во интервал од 0 до 8, а максималната ќе биде од 18 до 25 степени. Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи, во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.