Со идеја да биде уметнички одговор на кризата и обид да се истражува изведбеноста во нестандардни облици, во Театарот „Јодан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, оваа сабота, на 9 мај, ќе започне пионерскиот интернет проект во 12 епизоди што ќе се емитуваат седмично - „Тој и Таа“.