Владата донесе одлука полицискиот час викендов да почне во 19 часот навечер и да трае до 5 часот наутро. Дозволено ќе биде движење на младите до 18 години во сабота и недела од 13 часот до 19 додека возрасните над 67 години ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 12 часот попладне. Според владината одлука сите останати ќе може да се движат во текот на денот до 19 часот навечер кога почнува полицискиот час.
Старите политички афери, и некои нови, ја „победија“ кризата со коронавирусот, барем во изминатава недела. Продолжи судењето за „Рекет”, па продолжија и новите шанси на партиите за меѓусебни обвинувања, а во Струга со масовната литија се прекршија неколку законски одредби во услови на пандемија.
Еден од седуммина Американци останаа без работа минатиот месец. Ова е највисокото ниво на отпуштања по големата депресија од 1930-тите. Причината за тоа е брзото ширење на коронавирусот кој ги принуди дел од бизнисмените да ги затворат своите производствени објекти низ целата земја. Американските надлежни институции денеска објавија дека 20,5 милиони луѓе ги загубиле своите работни места во текот на април, и дека е забележана најголемата месечна загуба досега регистрирана, со што стапката на невработеност во земјата изнесува 14,7 проценти. Читать дальше...
Додека траел полициски час, непознати лица краделе од поранешната фабрика „Пелистер“ во Битола, реагираат жителите кои живеат во близина на фабриката. Од полицијата велат дека за време на една интервенција таму затекнале лица кои не го почитувале полицискиот час, но кај нив не нашле предмети кои потекнуваат од кражба.
Претседателот Стево Пендаровски во телефонски разговор со поглаварот наМакедонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископот г.г. Стефан, како и со поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи им ги пренел своите ставови и загриженост во врска со вчерашните случувања во Струга, како и за најавата на ИВЗ дека ќе ги отворат верските објекти на 12 мај.Во соопштението од кабинеот на Пенадаровски е наведено дека им укажал на... Читать дальше...
Македонската Православна Црква тврди дека уште од почетокот на појавата на здравствената криза се однесува конструктивно и дека во сите свои официјални соопштенија постојано апелира до верниците за почитување и придржување кон препораките кои водат кон сузбивање на пандемијата предизвикана од Ковид 19: Во соопштението на Канцеларијата на САС на МПЦ е наведено дека сиот изминат близок период кој е значаен од духовен аспект за православните христијани, како црква биле послушни на апелите, сметајќи... Читать дальше...
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева пред судот рече дека случајот Рекет е монтиран само врз база на исказ на бизнисменот Орце Камчев, со цел да се растури СЈО и тој да се спаси од обвинение. Обвинителката Вилма Рускоска вели дека има докази против Јанева.
Четири нови аудио снимени разговори се појавија на новиот јутјуб канал именуван како Facts and Figures во кои се слушаат разговори за кој дел од медиумите пишуваат дека наводно се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, осудениот во предметот Рекет Зоран Милески познат во јавноста како Кичеец и женска личност. Според текот на разговорите, се претпоставува дека тие се водени во периодот на претседателските избори минатата година. Во разговорите се слуша како наводно осудениот... Читать дальше...
Владата денеска ќе го разгледува предлогот на Комисијата за заразни болести за полицискиот час викедндов да почне од 19 часот до 5 часот наутро, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во однос на олабавувањето на мерките, кои би се применувале од понеделник останува, да се следи состојбата денес, да се утврди дали ќе има повеќе од 5 проценти заразени од вкупниот број тестирања, како што се случи во претходниот ден, или е тоа само варијација, додаде Филипче. Тој посочи дека во наредниве... Читать дальше...
Владата веќе прави план за враќање на животот во нормала, а веќе се работи и на нови протоколи како да се отворат градинките, најави денеска техничкиот премиер, Оливер Спасовски за време на работната посета на Пробиштип. „Јас сметам дека преку добро изградени протоколи, за однесување, што треба да се преземе од аспект на здравјето и на децата и на вработените во градинките и за спречување на ширење на коронавирусот, децата ќе можат да се вратат во градинките врз основа на тие протоколи. Меѓутоа за тоа Владата ќе донесе одлуки... Читать дальше...
Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска побара вештачење на телефонот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, врз основа на исказите кои што се добиваат од случајот „Рекет“ во судницата, МВР и во Обвинителството. „Изјавата дека Зоран Заев во 1ТВ телевизијата за чие што нелегално финансирање знаел и соучествувал според досега добиените снимки на 3-ти април 2019 година го предупредил првообвинетиот Боки 13 дека го следат странски служби и обвинители. Тоа значи дека сакал да го прикрие делото... Читать дальше...
Владата за денеска свика итна седница на која ќе ги разгледа можните последици од настанот во Струга и согласно препораките на Комисијата за заразни болести ќе се преземат соодветни мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга и на регионот и за можното прелевање на ризиците и во други делови на земјата. Вчера во Струга, и покрај препораките на здравствените органи и владините мерки за заштита од зараза со коронавирусот, се одржа црковна литија на која присуствуваа голем број верници... Читать дальше...
Одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот во Париз се одржа без публика, само во присуство на главните политички и воени лидери, поради кризата со коронавирусот. За првпат традиционалната церемонија под „Триумфалната порта“ се одвиваше без традиционалното искачување на Елисејските полиња и смотра на воените трупи. Покрај францускиот претседател Емануел Макрон, беа присутни и неговите претходници Никола Саркози и Франсоа Оланд, претседателите на двата собранија Жерард Лархер и Ричард Феран... Читать дальше...
Катица Јанева, како обвинета, во продолжението на денешното рочиште за „Рекет“ рече дека никогаш како специјална јавна обвнителка не му понудила на Орце Камчев олеснување на положбата во било кој предмет што го водел СЈО и дека кога барале и построги и полабави мерки за осомничените во „Империја“, Орце Камчев и останатите, Основниот и Апелациониот суд ги носеле конечните одлуки, а не СЈО. Таа покажа и испечатени судски одлуки. „Оваа постапка е монтирана, не само против мене, туку и против целото СЈО. Читать дальше...
Струшкото обвинителство отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи од масовното присуство на граѓани на литијата одржана на 7 мај, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија. „Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани одлуките на Владата на Република Северна Македонија за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица... Читать дальше...
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 20 оздравени пациенти во Скопје-1, Куманово-9, Прилеп-2, Велес-7 и Битола-1, а во ГОБ „8 Септември“ починал пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април. Вакцината за Ковид-19 мора да биде достапна за сите Денеска се решава за викенд- полицискиот час „Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6. Читать дальше...
Заклучно со вчера, вкупно 23.861 барање, од кои 21.542 од компании, се поднесени до Управата за јавни приходи за владината мерка за финансиска поддршка за исплата на плати за април во износ од 14.500 денари за вработените во реалниот сектор, информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на денешната на прес-конференција во Владата. соопшти дека барањата се поднесени од . „Барањата ќе се обработат и потврдат за три дена и ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата од каде ќе се... Читать дальше...
Додека светот е во трка за изнаоѓање на лек за коронавирусот а моќните земји донираат пари за заеднички фонд за Ковид-19, неразвиените земји, научниците и докторите апелираат глобалниот интерес да се стави пред националниот во борбата со вирусот и достапноста на лекови и вакцина.
Нема човек на планетава кој не слушнал за предметот „Империја“. До овој суд своевремено СЈО поднесе 18 обвиненија, а ние продолживме со слушање на снимките. Тој случај се состоеше од низа собрани докази, а се започна од еден неврзан разговор меѓу Миле Јанакиески и Дејан Панделески за купување на земјиште зад „Рамстор“. Вака денеска поранешната специјална обвинителка катица Јанева го продолжи својот исказ како обвинета во случајот „Рекет“, откако пред Судот рече дека на јавноста ѝ е должна да ја каже вистината. Читать дальше...
Премиерот Оливер Спасовски објави дека економскиот совет на СДСМ дефинирал нов пакет мерки за заживување на економијата и иден подинамичен развој. „Мерките треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија и вложување во домашното земјоделство“, наведува Спасовски во објавата на неговиот официјален профил на Фејсбук. Читать дальше...
Исламската верска заедница донесе одлука верските објекти џамиите, за верниците да ги отвори на 12 мај. Одлуката е донесена на вчерашниот вонреден состанок на Ријасетот, соопшти ИВЗ. Џамиите беа затворени за верниците по воведувањето на мерките за превенција од ширење на вирусот Ковид-19 од страна на Владата. Денеска се решава за викенд- полицискиот час Заев бара оставка од Чулев „ИВЗ од првите денови на појавувње на пандемијат на Ковид-19, со цел да го заштити здравјето на граѓаните, како... Читать дальше...
Претседателот на стопанската комора за туризам Емил Димитровски очекува властите да постигнат договор со соседните земји со цел да може да се патува за време на летната сезона. Според него, тоа е возможно само доколку во најбрз можен рок се отворат и границите. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека тоа нема да се случи пред јуни.
Изутрината во Кривичниот суд почна ново рочиште за предметот „Рекет“ во кој исказ во моментов дава обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева. „На јавноста и на судот им ја должам вистината, по 10 месеци ќе кажам што имам за случајот, да знаете вие што знам јас од тие 660 илјади разговори, денеска не би била тука“, рече Јанева на почетокот од својот исказ пред Судот и додаде дека библија на нејзиното работење е Законот за кривична постапка и законот за СЈО. Обвинителство за борба... Читать дальше...
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска го повика министерот за внатрешни работи Наќе Чулев да поднесе оставка по литијата во Струга, за што Заев смета дека е загрозување на здравјето на граѓаните. „Дали Наќе Чулев се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните? Дали Мицкоски го натера Чулев да организира настан среде пандемија без мерки на заштита? Дали Мицкоски му кажа на Чулев да не постапува при масовен собир во Струга? Тоа што структури на полицијата предводени... Читать дальше...
Работиме неуморно, дури и за време на оваа криза и ќе ги доставиме предлозите во јуни, како дел од годишниот пакет за проширување, вели во интервју за РСЕ, еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји. Тој додава дека на тоа работи ден и ноќ и нема да се штеди да го испорача тоа што си го наметнал, а тоа е во јуни да ѝ се даде преговарачка рамка на С. Македонија. Откако ќе се договориме за рамката, следува меѓувладината конференција, а потоа може да се започне со отворање на поглавјата, вели еврокомесарот. Читать дальше...