Работниците низ светот се откажаа од традиционалните демонстрации за Први мај поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, а спроведуваа акции на интернет, додека малку протести се одржаа и тоа со потребната физичка дистанца и маски. Агенциите јавуваат дека денеска имало приведувања во Филипини, Русија и Турција, немири во Индонезија, а солзавец бил употребен во Хонг Конг поради прекршување на правилата за јавни собири во време на пандемија. Другите собири за денот на работниците генерално беа мали и поминаа без инциденти. Читать дальше...
Три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, оружје кое потекнува од кражба од продавницата за оружје, вчера беа пронајдени во Скопје. Како што информираше МВР, оружјето вечера било пронадено во бункери, денеска при пребарување на теренот во специјално направен бункер биле пронајдени 2,5 килограми хероин. „Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје- Единица за... Читать дальше...
Претседателот Стево Пендаровски денеска реагира на изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на Европската унија. „Ако цената да влеземе во Европската унија е да кажеме дека не сме Македонци и да кажеме дека нашиот јазик се именува некако поинаку освен македонски јазик, не ни треба Европската унија“, вели Пендаровски во интервјуто за емисијата „360 степени“. Инаку во изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на Европската... Читать дальше...
„My creative thoughts - Isolation Mood“ е насловен актуелниот интернет проект на графичкиот дизајнер, визуелен уметник и професор Лазе Трипков, со кој авторот не само што го сврте вниманието на ликовната публика туку и ги заинтригира авторитетите од реномираната The New Art School.
Социјалниот дијалог што го води ССМ со Владата и аргументираните барања даваат резултати, истакнува Сојузот на синдикати во соопштението кое следува по објавата на Владата дека се изменети двете уредби кои во изминатите денови наидоа на жестоки реакции од страна на синдикалните организации. „Првомајска победа на ССМ. Стоп за можноста за отпуштање на работници. Ги враќаме назад отпуштените работници од почетокот на кризата“, пишува во соопштението од ССМ. Од синдикатот наведуваат дека уредбите... Читать дальше...
Најверојатниот кандидат од американската Демократска партија за претседател на Соединетите Американски Држави Џо Бајден во денешното интервју за кабелската телевизија МСНБЦ одговори на обвинувањата од Тара Рид, жена од Калифорнија која тврди дека тој сексуално ја злоупотребувал во 1993 година, кога работела како асистент во неговата канцеларија во Сенатот. „Ви кажувам недвосмислено, тоа никогаш, никогаш не се случило“, рече Бајден. Инаку, 77 годишниот Бајден е и поранешен американски потпретседател.
Според официјалните податоци, што беа соопштени денеска, за состојбата со коронавирусот во државава, потврдено е дека во Дебар нема новозаразени, а негативен е и тестот на последниот случај кој беше присутен во градот. „Во нашиот град повеќе немаме новозаразени од опасниот вирус. И за последниот случај што го имавме вториот контролен тест излезе негативен, што значи дека и тој е впишан во списокот на лицата кои ја добија битката со овој вирус. Вкупната бројка на заразени останува 51 од кои двајца од Центар Жупа. Читать дальше...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека работи со компаниите во чија сопственост се социјалните медиуми во обид да се спречат дезинформациите поврзани со пандемијата од коронавирусот, а најголемо внимание се посветува на апликации кои го користат тинејџерите. СЗО соопшти дека почнале соработка со Снепчат и ТикТок за да може да стигнат до што поголем број млади корисници на социјалните мрежи. Анди Патисон, шеф во СЗО за дигитални медиуми, рече дека се борат со дезинформации секојдневно... Читать дальше...
Плоштадите во Турција главно останаа тивки на Меѓународниот ден на трудот поради полицискиот час воспоставен поради коронавирусот. Властите им дозволија на некои синдикати да положат цвеќе на симболични места. Само во Истанбул околу 45 000 полицајци беа на улиците за да спречат собири и покрај полицискиот час. Претходно најмалку 45 луѓе беа приведени во Истанбул и Анкара откако ги прекршиле правилата на движење донесени како мерки за спречување на коронавирусот. Први мај - наместо на работнички собири на социјални медиуми Полицијата... Читать дальше...
Неколку стотини членови на грчкиот комунистички синдикат ПАМЕ денеска излегоа на демонстрации пред парламентот во Атина, а насобраните стоеја на физичка дистанца препорача за да се спречи ширењето на коронавирусот. Први мај - наместо на работнички собири на социјални медиуми Повеќето демонстранти носеа црвени маски, а на Меѓународниот ден на работниците побараа тие да не ја платат цената за глобалната економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Стотици работници исто така... Читать дальше...
Работодавачите кои ќе користат финансиска поддршка за исплата на плати не смеат да го намалат бројот на вработени во април, како и два месеца по завршување на мерката, односно заклучно со јули. Ова, како што јавува МИА, е измената на Уредбата за финансиска поддршка за плати што Владата ја усвои денеска на продолжението на 48-та седница. Од владата појаснуваат дека работодавачот не смее да го намали бројот на вработени освен во случај на пензионирање и смрт на работник, откажување на договорот за вработување од страна на работникот... Читать дальше...
Обезбедивме дополнителни 50 респиратори преку заемот на Светската здравствена организација (СЗО), коишто ги обезбеди УНДП преку најповолни цени, информираше денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи. Тој наведе дека десетина од респираторите ќе пристигнат до 5 јуни, а останатите до крајот на месецов. „Тоа значи дека со тие од Европската Унија вкупно обезбедивме 70 респиратори, а проценка на Министерството за здравство е доволна количина на респиратори за да се обезбедат потребите на нашите клиники“... Читать дальше...
Одржувањето на изборите во моментот не е дел од агендата на ДУИ и за тоа дали има услови за избори, во ДУИ сметаат дека треба да каже Комисијата за заразни болести, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи. Избори во пандемија: Безбедност на гласачите или на гласот „Ако ме прашувате како претставник на ДУИ, можам да кажам дека изборите не се воопшто ниту една од темите во агендата на ДУИ. Ние имаме две основни цели – едното е здравствената криза со пандемијата и социоекономските проблеми кои ги создава. Читать дальше...
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти во: Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10, Гевгелија -1. „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87-годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп... Читать дальше...
Во светот досега се регистрирани над 3.308.000 заболени од коронавирус, починале повеќе од 234.000 луѓе, а оздравеле 1.042.000. Во САД, како најпогодена држава во моментов, во последните 24 часа од коронавирус починале 2.053 лица, соопшти американскиот Универзитет Хопкинс и додава дека веќе трет ден по ред дневниот број на смртни случаи е поголем од 2.000. Нов живот под маски и на дистанца Во САД, кои се најлошо погодени со пандемијата, досега починале 62.906 луѓе, се наведува во извештајот од универзитетот... Читать дальше...
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека преговарачката рамка од Европската комисија, според информациите со кои располагаат, ќе биде презентирана на 3 јуни. „Преговарачката рамка се смета за најважен документ во којшто земјите членки ги утврдуваат своите позиции, а потоа Европската комисија која технички преговара во име на земјите членки, треба да ги почитува тие позиции и потоа континуирано да ги информира земјите членки. Нашите информации се дека Комисијата, оваа преговарачка... Читать дальше...
МВР ја известува јавноста дека денеска до одредени граѓани и правни лица повторно, како пред десетина дена, од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. „Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Читать дальше...
Финансискиот систем е подготвен да се справи со корона-кризата. Прудентната регулатива на финансиските регулатори, во голем дел усогласена со европските регулативи, придонесе системот да е во кондиција со којашто може да се справи со шокот предизвикан од пандемијата на ковид-19. Ова се дел од констатациите на вчерашната седница на Комитетот за финансиска стабилност. Со седницата претседаваше гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, а учествуваа и министерката за финансии, Нина Ангеловска... Читать дальше...
Некои од родителите кои своите деца ги запишале во градинка, но се уште не почнале да одат бидејќи нема место, се соочија со тешки проблеми околу чувањето на децата во оваа криза. Бабите и дадилките се недостапни, а родителите мораат на работа. Доживува ли кулминација живот во услови на корона?
Министерот за здравство Венко Филипче објави на фејсбук дека од денеска, 1-ви мај, се казнува непочитувањето на Уредбата за носење на заштитна опрема. Задолжително е носењето на заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз и здравствени институции. „Непослушни“ колку и заразени со коронавирус „Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се... Читать дальше...
За прв пат, по долго време, улиците ќе бидат празни, нема да маршираме, но секогаш ќе се бориме за правата на работниците, порачува Сојузот на синдикати на Македонија во честитката по повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот. „Оваа година ја дигитализираме револуцијата со дигитален синдикален марш 2020. И се бориме за заедништво, еднаквост и солидарност,“ се вели во честитката од ССМ.
Турската полиција приведе 15-ина претставници на синдикални организации, меѓу кои и лидерот на големата турска синдикална конфедерација ДИСК, Арзу Черкезоглу, бидејќи излегоа на улиците на Истанбул по повод Денот на трудот на 1 мај, и покрај забраната за движење воведена за борба против епидемијата на коронавирусот. Приведените биле дел од група од околу 50 демонстранти, вклучително и пратеници од опозицијата. Групата тргнала на прошетка до истанбулскиот плоштад Таксим за да го прослави 1 мај. Демонстрантите излегле со заштитни маски... Читать дальше...
За претстојните претседателски избори во САД се разгледуваат неколку модели на гласање директно, по пошта или онлајн гласање. Сите тие носат предизвици, особено во време на пандемија со коронавирусот, велат експертите. Во светот, повеќе од 50 држави ги одложиле изборите поради Ковид-19.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека жали за недостигот на подготвеност на светските сили и поделената меѓународна заедница да се борат со новиот коронавирус, а особено за несоодветната поддршка за сиромашните земји. Одговарајќи на прашања за глобалното лидерство, Гутереш на прес-конференција во Њујорк рече дека меѓународната заедница е поделена кога е „потребно повеќе од кога и да е“ да се обедини. Светот во трка по вакцина за ковид-19 „Постои неповрзаност помеѓу лидерството и моќта. Читать дальше...
Советот на амбасадори смета дека Договорот за добрососедство склучен меѓу премиерите Борко Борисов и Зоран Заев е единствениот пат на зајакнување на меѓусоседските односи меѓу Бугарија и Македонија и пријателството меѓу двата народа. „Советот на амбасадори и натаму е убеден дека минатото не научи дека треба да бидеме свртени кон иднината, без условувања, туку напротив со отворена поддршка како што е заедничката заложба во Договорот и чесните изјави дека треба да ги отпочнеме преговорите и побргу... Читать дальше...