Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека ребалансот на буџетот е премногу оптимистички скроен и дека е нереален. Поранешниот министер за финансиии член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Трајко Славески вели дека овој ребаланс на буџетот доаѓа со задоцнување од најмалку месец и половина. „На јавноста и е познато дека ВМРО-ДПМНЕ преку дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Кочоска Димитриеска уште во март веднаш откако се увидоа првичните негативни ефекти од здравствената и економска криза... Читать дальше...
Медиумите се занимаваат со тоа кога ќе има избори, што ќе се случи на лидерската средба и што кажале партиските лидери.
Претседателот Стево Пендаровски не го одобри барањето на Владата од 30 дневна вонредна состојба, туку прогласи нова од 14 дена која ќе трае до 30 мај, додека за изборите ќе се разговара на нова лидерска средба следната седмица.
Министерство за транспорт и врски со писмено соопштение реагира на денешната изјава на претседателката на Државната комисија за спречување на коруција Билјана Ивановска за спорното продавање на земјиштето на парцелата кај Холидеј Ин и ГТЦ подари денационализација. Во соопштението е наведено дека отуѓувањето е извршено според законската регулатива и дека согласно членот 68 од Законот за градежно земјиште, градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија се отуѓува со непосредна... Читать дальше...
Нова вонредна состојба од 14 се сосема доволни за спроведување на економските мерки и заокружување на борбата за здравјето на граѓаните рече денеска претседателот Стево Пендаровски. Причина за таа одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата, истакна претседателот кој додаде дека одлуката за времетраење на новата вонредна состојба не е поврзано со датум за изборите. На три часовната седница бил разгледуван и извештајот Владата... Читать дальше...
Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора Амфихолије побара од државните органи веднаш да го ослободат од притвор осомничениот епископ Јоаникија и свештениците кои со него беа приведени. Владиката Амфилохије зборувајќи на мегафон пред насобраните демонстранти пред судот изјави дека власта со апсењето на свештениците подготвува граѓанска војна. Свештениците се приведени поради прекршување на забраната за јавни собири. Судот денеска треба да донесе одлука дали ќе им биде продолжен притворот... Читать дальше...
Кривична и политичка одговорност од директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти Шпенди Хајредин побара денеска антикорупциската комисија откако го разгледа неговиот предмет. На денешната прес конференција претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивновска изјави дека директорот издавал под закуп спортски објекти кои што по Законот за спорт не треба да ги издава, бидејќи се суштински, но тој склучувал договори за закуп без одлуки од Владата. Читать дальше...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека планира да се откаже од пандемискиот декретдо крајот на овој месец, декрет кој предизвика лавина од критики поради огромните овластувања. Тој предденешната посета на Белградна социјалната мрежа Фејсбук напиша дека ќе се одрекне од многу критикуваните итни овластувања кои му ги даде мнозинството во Парламентот за да се бори против пандемијата со Ковид 19. По средбата со српскиот колега Александар Вучиќ изјави дека „ ќе им даде шанса да и се извинат на Унгарија за неправедните обвинувања“. Читать дальше...
Владата донесе одлука за ребаланс на Буџетот. Со него е предвидено вкупните расходи да изнесуваат 3, 95 милијарди евра, што е за 1,4 проценти поголем од претходно планираниот за годинава, додека приходите се очекува да изнесуваат 3, 2 милијарди евра. Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес конференција соопшти декабуџетскиот дефицит ќе биде зголемен за 400 милиони евра и вкупно ќе изнесува 750 милиони евра односно 6,8 отсто од БДП согласно новата проекција. „ Можам слободно да... Читать дальше...
Антикорупциската комисија бара од Уставниот суд да изврши оценка на членот 64 од Законот за денационализација поради, според нив, спорната продажба на земјиштето спроти „Холидеј Ин“ и ГТЦ. Станува збор за паркингот спроти ГТЦ каде што беше планирано да никнат висококатници. Имотот го купија фирмите „Обновители“и „Фешн“ по 312 евра за метар квадратен. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска соопшти дека Комисијата го завршила предметот кој се однесува... Читать дальше...
Сопствениците на организираните плажи во Грција изминативе денови интензивно работат на подготовките за утрешното отворање, под нови и строги правила и прописи, јавува новинската агенција МИА. Плажите ќе бидат отворени од осум часот наутро, а ќе постои контрола на влезот и регистрирање на бројот на посетители. Дозволени ќе бидат 40 лица на илјада метри квадратни. Минималното растојание помеѓу оските на чадорите треба да биде 4 метри и еден метар меѓу периметарот на сенката на двата чадори. Дозволени се две лежалки на еден чадор... Читать дальше...
Владата на денешната седница донела заклучок да достави предлог до претседателот Стево Пендаровски за вонредна состојба и во наредните 30 дена, соопшти владината прес-служба. Оваа одлука е соопштена непосредно пред седницата на Советот за безбедност на која ќе се решава за ова прашање, а пред ДИК да соопшти што заклучи околу роковите за изборите, за кои расправа два дена и се уште ги нема доставено до кабинетот на претседателот. Предлогот до Пендаровски, според соопштението од Владата, содржи... Читать дальше...
Весел Мемеди, поранешниот потпретседател на Собранието, во сведочењето на денешното рочиште за организацијата на упадот во Собранието на 27 април 2017 година изјави дека тогашниот собраниски спикер Трајко Вељаноски во моментите на огромна тензија предност му дал на Зеќирија Ибрахими пред да ја пее албанската химна од говорницата, иако пред него за збор се јавиле двајца други пратеници и дека тоа било однапред смислено сценарио. „Крсто Мукоски се пријави да говори процедурално и ја пееше македонската химна. Читать дальше...
Институтот за јавно здравје во последното деноноќие регистрирал 16 оздравени пациенти, двајца починати и 17 новозаразени лица. „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89), хоспитализиран од 4 мај. Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април“, соопшти МЗ. Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи со што вкупната бројка... Читать дальше...
Партиите продолжуваат со меѓусебните обвинувања кој сака, а кој бега од избори и на кој не се грижи за здравјето на граѓаните ако има гласање во услови на коронавирус. И од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ засега не зборуваат конкретно за можен бојкот на изборите ако не се постигне договор за датум.
Владата на синоќешната седница ја донела Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот за 2020 година и детално ќе биде презентиран на прес-конференција во текот на денешниот ден, соопшти Владата. Владата ја усвои Одлуката за максимален износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзници на РС Македонија. Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирање со издавање на еврообврзници... Читать дальше...
Претставникот на Светската здравствена организација во Русија Мелита Вујновиќ ги минимизираше сомнежите во врска со статистиката за коронавирусот во таа земја, и покрај тоа што новите податоци покажуваат дека властите може да го намалуваат бројот на починати од пандемијата. Нејзините коментари во интервју за „Курент тајм“, мрежа на руски јазик предводена од Радио Слободна Европа во соработка со Гласот на Америка, доаѓаат откако неколку медиумски организации ги нагласија разликите во бројките за смртноста во рускиот главен град.
Обединетите нации предупредија дека порестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе доведат до долгорочно зголемување на трговијата со луѓе. Во својот последен извештај, Канцеларијата на ООН за дрога и криминал (УНОДЦ) анализира потенцијални сценарија за тоа како кризата може да влијае на трговијата со луѓе и криумчарењето, кое продолжува и покрај затворањето на европските земји, пренесе АП. Иако бројот на движења на одредени рути е намалено, затворањето на границите веројатно... Читать дальше...
Иако спортистите со олеснувањето на мерките ќе може да се вратат на тренинзите, за ракометарите и кошаркарите сезоната е завршена. Во наредниот период треба да се донесе одлука дали и фудбалското првенство ќе биде продолжено или не. Извесно е дека натпревари и да има тие ќе се играат без публика.
МВР соопшти дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и на возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година. Во Грција за викендот се отвораат плажите Согласно одлуката на Владата, тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР“, соопшти МВР.
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел побара да спроведе независна стручна истрага за потеклото на коронавирусот, што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, пренесе германската новинска агенција ДПА. Тој, јавува ДПА, во колумна за германскиот весник „Франкфурт алгемајне цајтунг“ ја повика Кина да придонесе во борбата против пандемијата на коронавирусот. ФБИ: Кинески хакери се обидуваат да украдат истражување за Ковид-19 вакцина Според Борел... Читать дальше...
Соединетите држави соопштија дека припадници на милитантната организација Исламска држава, а не на Талибанците, го извршиле нападот врз една болница во Кабул оваа недела и го повторија својот повик до авганистанските власти да го прифатат мировниот процес со талибанското движење. Засега не е познато дали оценката од Вашингтон ќе биде доволна за засилување на мировните напори и за враќање на одлуката на властите во Кабул да продолжат со операциите против Талибанците, пренесува Ројтерс. Со серијата... Читать дальше...
Автобусите на ЈСП и на приватните превозници од воведувањето на полицискиот час сообраќаат двократно во текот на денот. Тоа што нема ниту еден автобус во периодот од 9-13 часот за некои граѓани е голем проблем. Од ЈСП апелираат граѓаните да се прилагодат на новонастанатата ситуација.
Министрите за надворешни работи на Европската унија наденешната видео конференција треба да разменат мислења за блискоисточниот мировен процес и , како што е најавено, за ситуацијата во јужното соседство на Унијата. Вархеји - ЕУ и Западен Балкан од кризата излегуваат со засилени односи Се прецизира дека тие ќе бидат информирани за низа неодамнешни меѓународни случувања, вклучувајќи: секторски прашања поврзани со влијанието на пандемијата ковид-19 и ситуацијата во Источниот Медитеран, Западен Балкан и Судан. Читать дальше...
Словенија е првата европска земја што прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Словенечката влада го прогласи крајот на епидемијата на телефонска сесија во четвртокот. Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот се смирило, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на инфекција во последните 14 дена. Јанша: Крај на епидемијата во Словенија најверојатно на 31 мај Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија е регистриран на 4 март. Читать дальше...