Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел побара да спроведе независна стручна истрага за потеклото на коронавирусот, што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, пренесе германската новинска агенција ДПА.
Тој, јавува ДПА, во колумна за германскиот весник „Франкфурт алгемајне цајтунг“ ја повика Кина да придонесе во борбата против пандемијата на коронавирусот.
ФБИ: Кинески хакери се обидуваат да украдат истражување за Ковид-19 вакцина
Според Борел, Кина треба да се ангажира во борбата против пандемијата, пронаоѓањето на вакцината и зајакнување на глобалната економија, како и давањето помош на погодените земји во развој.