Сите мерки што се применуваат во моментов остануваат во сила и тие треба да се почитуваат. Комисијата за заразни болести и експертите не донесоа заклучок дека треба да се почне со укинување на полицискиот час и олабавување на другите рестриктивните мерки. Ова го оцени заменик-министерот за здравство Арменд Арслани, во гостување на ТВ Телма одговорајќи на прашање дали може да има промена на полицискиот час до 23 мај. Во однос на можноста за одржување избори рече дека за оваа тема ќе има простор... Читать дальше...
Грчкиот синдикат на наставници соопшти дека одлуката на владата дека онлајн наставата може да ги крши правата на децата на приватност треба да биде преиспитана. Денеска во Грција беа отворени училиштата за учениците од завршните години во средните училишта, додека за пониските класови ќе почнат со работа од следната недела. Онлајн наставата им овозможува на наставниците да го редуцираат присуството на учениците и во училниците да има 50 отсто или помалку ученици. Портпаролот на грчката влада... Читать дальше...
Вицепремиерот и главен координатор на кризните штабови за спречување на ширењето на коронавирусот, во пресрет на најавеното отворање на џамиите од утре, ги охрабрува верниците да не одат во џамија сè додека не се стабилизира состојбата со вирусот КОВИД -19. „Немаме начин да ги затвориме џамиите. Не постои уставна и законска можност државата да затвори објекти. Тука е прашање на соработка, на договор помеѓу институциите. Јас ќе ги охрабрам луѓето да не одат, додека не сме сигурни дека состојбата... Читать дальше...
Кинотеката на Македонија, не многу по најавата на проектот за дигитализација, деновиве ги направи достапни на својата интернет страница сите досега издадени броеви на „Кинопис“ - списанието за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности.
Лондонската управа за сообраќај ги повика луѓето да „го преиспитаат“ начинот на патување и да избегнуваат јавен превоз доколку се во можност. Поради почитување на правилата за физичка дистанца, јавниот превоз во главниот град на Велика Британија ќе функционира поинаку отколку пред почетокот на пандемијата. Надлежните велат дека со градски превоз во Лондон ќе може да се возат меѓу 13 и 15 отсто од вкупниот број патници во нормални услови. Дури и кога сите возила бидат пуштени во оптек, капацитетот ќе биде намален за 85 отсто... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави дека земјата постепено ги ублажува мерките за ограничувања воведени поради пандемијата на коронавирус, и покрај тоа што во земјата има над 200 илјади заболени и тој број секојдневно расте. Путин рече дека неработните денови прогласени поради епидемијата завршуваат на 12 мај, но дека шефовите на регионите ќе имаат право самостојно да одлучуваат за режим на карантин, во зависност од епидемиолошката ситуација. Тој рече дека Русија го зголемила бројот... Читать дальше...
Жителите на тетовското село Доброште неколку години помагаат во заштитата на 12 мечки кои живеат во нивниот регион. Тие ги хранат за мечките да не напаѓаат други животни и пчели во потрага по храна.
Сто респиратори од Кина што неодамна ги набавил кризниот штаб на Федерацијата Босна и Херцеговина за болници во ентитетот се неупотребливи и нема да се користат на одделенија за интензивна нега на тешки пациенти со коронавирус, потврди обвинителството на БиХ. Државното обвинителство појасни дека истрагата за спорната набавка на респиратори, отворена на 4 мај, спровела стручна експертиза на машини купени во Кина, откривајќи дека „тие ги немаат ниту минималните основни карактеристики за правилен третман на пациенти“... Читать дальше...
Косовската полиција минатата недела ги уапсила лицата Бесим Красниќи и Фадил Точи, кои се барани по потерница издадена од страна на македонското Министерство за внатрешни работи информира денеска министерот Наќе Чулев на својот Фејсбук профил. Двајцата се бараат поради извршени тешки кривични дела. Апсењето е извршено во соработка со Интерпол во Приштина.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи денеска рече дека има три нови кластери на ширење на коронавирусот во тетовско. По денешниот 11-ти состанок на општинскиот кризен штаб на Тетово, таа не ги посочи местата, но ги соопшти бројките по општините. „Вкупниот број на дијагностицирани е 116, а само денес седум. Од вкупниот број се излечиле 50 лица, а 10 починале. Во Општина Тетово има 50 заболени од кои две починати, Боговиње 40 (пет починати), општина Теарце шест лица, општина Брвеница 10 лица... Читать дальше...
Во „Вила Водно“ утре од 13 часот ќе се одржи лидерска средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, соопшти Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. На средбата се поканети претседателите на: СДСМ – Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ДУИ – Али Ахмети, Алијанса за Албанците – Зиадин Села, Алтернатива – Африм Гаши, Движење Беса – Билал Касами и на ДПА – Мендух Тачи. Читать дальше...
На првиот работен ден во хрватските училишта се појавија помалку од два проценти од учениците, се наведува во анализата на Хрватскиот сојуз на наставници. Анализата спроведена на повеќе од 550 примероци покажа дека само 1,77 проценти од учениците одат на училиште. Најмногу ученици има во училиштата на Задарската жупанија – 3,9 проценти, или 262 ученици од вкупно 6.714, а најмалку во Истарската жупанија каде што не се појавил ниту еден од 7.643 ученици. Синдикатот на хрватските наставници смета дека ресорното Министерство води кампања ... Читать дальше...
Лекарската комора преку соопштение „ги моли граѓаните без поголема потреба да не ги напуштаат своите домови и да не се собираат и групираат“, бидејќи почитувањето на мерките во голема мера ќе придонесе за спречување на понатамошно ширење на коронавирусот. „Посебен апел Комората упатува до оние кои сѐ уште не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата во којашто сите заедно се наоѓаме. Посебно да се почитува мерката со која се забранува собирање во група не повеќе од две лица, во паркови и други јавни места и јавни површини“... Читать дальше...
Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба, штетите кај локалните бизнисмени во сите сфери се големи, поради што владата треба да даде поголема матријална поддршка за бизнисмените во овој регион во споредба со другите општини во земјава, изјави денеска дебарскиот градоначалник Хекуран Дука. Тој нагласи дека општинскиот кризен штаб ја разгледал состојбата со загубите во дебарските комапнии и наскоро ке излезе со конкретни податоци за штетите, а според до сега обработеното, особено огромни штети има во бањскиот туризам... Читать дальше...
Град Скопје наскоро ќе објави повик за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година, а новитет е што граѓаните можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 1 јануари годинава, соопштија градските власти. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Читать дальше...
Предлогот е неоснован, неприфатлив и неполезен. Тоа ќе биде потег без ефект, а кратењето на платите на администрацијата нема да направи значителна заштеда во Буџетот на државата, туку ќе биде одмазда и задоволување на барањата на дел од бизнис заедницата, реагираше денеска Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) на ставот на министерката за финансии Нина Ангеловска за кратење на платите во јавната администрација. Министерката Ангеловска минатата... Читать дальше...
Во изминатите денови повторно беа објавени таканаречени „бомби“ кои се однесуваат на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев. Кој ги снимил и објавил не се знае, ни дали обвинителството ќе покрене истрага. Партиите наместо да бараат правна разррешница ги користат само за политички препукувања.
По денешното рочиште за упадот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат како „27 април“, обвинителката Вилма Русковска изјави дека денешното сведочење на Михаил Младеновски ја покажува „инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полицијата, односно структури во тогашната УБК“. Покрај Младеновски, денеска сведочеше и референтот за систем и гласање во Собранието, Сашко Коцевски. „Од сведочењето на Коцевски можат да се заклучат два апсекта. Прво, дека протестите... Читать дальше...
Министерот за здравство соопшти дека меѓу граѓаните се шири имејл со невистинита содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Министерот објави дека за случајот е известен Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи и дека тој веќе постапува за овој случај. Филипче апелира до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација. МВР: Повторно злоупотребено името на државната секретарка „Ширењето на лажни информации... Читать дальше...
Несоодветните мерки, а не неодговорните граѓани се причина за растот на бројот на заболени од коронавирусот последниве денови, оценуваат упатените. Според нив треба да се дизајнираат мерки и да има контрола онаму каде што се шири вирусот, а не да се затвораат дома сите граѓани.
Најмалку тројца припадници на мировните сили на Обединетите нации во Мали вчера биле убиени, а четворица се сериозно повредени во експлозија на импровизирана експлозивна направа за време на рутинска патрола, објавија ОН. „Ќе ги обединиме сите напори да ги идентификуваме и уапсиме одговорните за овој терористички напад, за да можат да одговараат за сторените злосторства“, се вели во соопштението на Махамат Салех Анадиф, шеф на мисијата на ОН во Мали. Нападот се случил во северниот регион на Мали.
Изборите, вонредни парламентарни, кои беа сопрени поради коронавирусот и вонредната состојба се вашата нова тема за коментирање на ФБ страницата на РСЕ
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 64 оздравени пациенти во: Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1. Тешко до брз колективен имунитет за Ковид-19 „Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200... Читать дальше...
Шефот на полската Изборна комисија изјави дека претседателот на полскиот Парламент-Сејмот има 14 дена за да го соопшти новиот датум за претседателските избори во земјата. Претседателските избори во Полска првично требаше да се одржат вчера, но заради епидемијата на коронавирус, владата и опозицијата на 7 мај се договорија тие да се одложат. Полскиот вицепремиерот Јацек Сасин тогаш изјави дека изборите најрано можат да се оддржат во јуни.
Денеска продолжува судењето за упадот и насилствата во Собранието од 2017 година, познат како „27 април“. На денешното рочиште е предвидено да сведочат Михаил Младеновски и Сашко Коцевски. ЗНМ: Поднесени тужби за нападите врз новинари на 27 април Во случајот, обвинети за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, поранешните министри од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Читать дальше...