Нема човек на планетава кој не слушнал за предметот „Империја“. До овој суд своевремено СЈО поднесе 18 обвиненија, а ние продолживме со слушање на снимките. Тој случај се состоеше од низа собрани докази, а се започна од еден неврзан разговор меѓу Миле Јанакиески и Дејан Панделески за купување на земјиште зад „Рамстор“.
Вака денеска поранешната специјална обвинителка катица Јанева го продолжи својот исказ како обвинета во случајот „Рекет“, откако пред Судот рече дека на јавноста ѝ е должна да ја каже вистината.
„Орце Камчев често доаѓаше во СЈО за да дознае дали е таргет. Многу беше среќен кога разговараше со многу негови миленички, посебно кога во еден ден купи банка, ЗИК Пелагонија и друга фирма. Кога го прашуваа од каде толку пари, тој велеше дека не е сам. Не беше привилегиран Орце Камчев, ниту пак паѓавме во несвест од него“, рече Јанева.
Јанева: Ви ја должам вистината, ќе кажам што имам
Русковска vs. Боки 13 - торбата со пари заврши во домот на Бојан Јовановски
Таа пред Судот нагласи дека случајот го отворила обвинителката Лиле Стефанова, за која смета дека е „голем професионалец“.
„Скоро 10 месеци се добираа докази за тој случај. Материјалните докази беа многу важни за тој предмет. Лиле Стефанова предложи ПИ мерки за тој случај и судот го прифати тоа барање. Обвинителката ми кажа дека собрала доволно материјални докази и тоа го направивме во ноември 2018 година. Но, Орце Камчев многу не зборел, тој знаел дека е прислушкуван, а кога се правеше претрес во домот на Орце Камчев се било исчистено. Но, во “Орка Холдинг” најдовме докази за кои тие мислеле дека нема да ни завршат работа. Камчев во својот исказ ми кажа дека знаел дека ќе вршиме претрескај него, а своите телефони му ги дал на сега осудениот Зоран Милески да ги уништи. Кривичниот суд ни ги прифати нашите барања за продолжување на притворот откако истекуваа првите 30 дена. Ние само предложивме на осумтемина притворени затворскиот притвор да им биде заменет со домашен, а таа одлука беше прифатена од Кривичен и од Апелација“, рече Јанева.
Таа пред судот кажа дека за најзина заменичка требало да биде назначена обвинителката Фатиме Фетаи, но дека никогаш не ги дознала причините зошто Советот не донел таква одлука.